На 30.11.2008 г. (недела),
во рамките на последипломските студии започна да функционира
“Научен Клуб“ чија цел е активно учество
на експерти од области поврзани со
физичкото образование, спортот и здравјето. Во
научниот клуб
можат да учествуваат вработените на
Факултетот за физичко
образование, спорт и здравје (професори, соработници, студенти)
како и други заинтересирани од лица од нашата земја и од странство.
Се надеваме дека овој научен клуб ќе прерасне во традиција и во неговата
работа ќе земат учество истакнати лица на актуелни теми од
нашата област.
Отворање на научниот клуб од страна на Продеканот за настава проф. д-р Жарко Костовски, Раководителот на последипломски студии проф. д-р Александар Туфекчиевски и Секретарот на последипломски студии проф. д-р Илија Клинчаров.
На првиот научен клуб активно учество со свои предавања имаа:
Тема: Генетика и спорт
проф. д-р Зоран Т. Поповски - Лабораторија за биохемија,
молекуларна биологија и ГМО - Факултет за земјоделски науки и храна -
Скопје
|
|
Презентацијата од предавањето
- овде
Тема: Финансии и спорт
проф. д-р Снежана Костадиноска - Милошеска
Државен секретар во Министерството за
финансии, Економски
институт - Скопје
|
|
Презентацијата од предавањето
-
овде
Тема: Комуникации и спорт
проф. д-р Златко Жоглев - Ректор на
универзитетот “Св. Климент Охридски“ - Битола
|
|
Презентацијата од предавањето
-
овде