ИСТОРИЈА НА БИОМАХАНИКАТА
 

Историјата на биомеханиката е дел од историјата на кинезиологијата. Зборот кинезиологија за првпат е користен во доцниот 19-ти век и станал популарен во текот на 20-от век, додека зборот биомеханика не бил популарен се до 60-тите години од минатиот век.

            Голем дел од наставните програми по кинезиологија во тоа време вклучуваат анатомија со одредени механички и физиолошки аспекти во нив. Овие биле вообичаени содржини преку кои идните тренери и професори по физичко образование ќе добијат одредени познавања од механиката.

            Истражувачите кои се занимаваат со биомеханиката на човековите движења биле активни во 20-от век, иако механиката на движењата кај човекот и животните ги интригира интересите на научниците најмалку уште од времето на Аристотел. Во последната деценија на 19-от век Etienne Jules Marey напишал Le Mouvement, каде опишал различни уреди вклучувајќи камери, инструменти осетливи на притисок, инструменти кои ја мерат силата и движењата на луѓето и животните во различни активности. Неговата добро опремена биомеханичка лабораторија била претходник на модерните биомеханички и физиолошки лаборатории.

            Први примери на истржувања од биомеханиката во спортот се појавуваат во списанието The Baseball Magazine во 1912. Истражувачите ја проучувале брзината на фрлената топка во безбол. Потоа биле спроведени и други истражувања межу кои: Archibald V. Hill (1920) ја истражувал механиката на спринтот, Thomas Cureton  пишувал за механиката во пливањето (1930), тој исто така ја опишал и техниката за анализа на движењата во спортот користејќи видео камера и слики добиени од неа. Во тој период Arthur Steindler го напишал еден од првите учебници по “Биомеханика“ (1935). Во текот на втората светска војна истражувањата од областа на биомеханиката не биле приоритет. Во 1955 година била објавена книгата Scientific Principles of Coaching од John Bunn. Таа била една од првите книги која повеќе ги потенцирала механичките од анатомските аспекти на движењата во спортот.

            Во текот на шеесеттите години од минатиот век терминот биомеханика станал многу популарен и се повеќе луѓе биле вклучени во истражувањата од обалста на биомеханиката. Во 1967 година бил одржан првиот меѓународен семинар по биомеханика во Цирих - Швајцарија. Најголемиот дел од истражувањата кои биле презентирани на оваа конференција се однесувале на механичките аспекти на човековите движења. Оваа меѓународна конференција се одржува на секои две години до ден денес. Во 1968 година Journal of Biomechanics било првпат издадено. Неколку истражувања од ова списание се однесувале на спортската биомеханика. Во текот на шеесеттите години неколку наставни програми за високо образование ја вклучувале и биомеханиката во катедрите за физичка култура, а неколку од овие програми биле застапени и во докторските студии.

Во 1973 година било формиранo меѓународното здружение за биомеханика (International Society of Biomechanics). Покрај кадри од областа на биомеханиката во оваа здружение членувале и кадри од други области поврзани со спортот. Во 1980 меѓународното здружение за биомеханика во спортот било формиранo за да ги презентира интересите во спортската биомеханика. Во 1985 меѓународното списание за биомеханика на спортот  (International Journal of Sports Biomechanics) почнало со публикување а во 1992 година го менува името во списание за применета биомеханика (Journal of Applied Biomechanics). Неодамнешните списанија со посебен интерес ја вклучуваат и биомеханика на спортот,  чие прво издание било во 2002 година.

            Истражувањата од областа на биомеханиката на спортот значително се зголемуваат кон крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Исто така значително се зголемува и бројот на луѓето кои се вклучени во биомеханика на спортот. Една од причините за тоа е и доаѓањето на модерната компјутерска технологија која ни овозможува да се добијат податоци од најразлични уреди како што се камери, тензиометриски платформи, акцелерометри и др. уреди кои се користат во биомеханичките истражувања. Без компјутер времето кое е потребно за точно да се пресметаат резултатите добиени од филмска лента и да се направи квантитативно биомеханичко истражување биле претерани. Истражувањата од обаласта на анатомијата не биле тешки за да се реализираат, па поради тоа наставните програми по кинезиологија биле насочени кон применета анатомија. Со зголемувањето на истражувањата во спортскта биомеханика во последните две децении, содржините на многу наставни програми по биомеханика се преиспитани и механиката е подлабоко и посодржајно навлезена во нив. Многу содржини од кинезиологијата биле преименувани како биомеханички содржини.