ЗАМОР
Стефан Михајловиќ
Бр. Индекс 4544
Замор е специфична состојба
на организмот која се јавува како последица на работа, а се манифестира со
намалени работни способности и комплексни промени во многу физиолошки функции.
Степенот на тие промени и субјективното чувство на замор е правопропорционално
зависно од времетраењето и интензитетот на работата т.е. доколку интензитетот и
времетраењето на работата се поголеми, тогаш и промените во
функционално-моторичките способности се поголеми како и чувството на замор.
Основни
показатели на заморот
Заморот
претставува заштита од исцрпување при долга и тешка работа,
па поради тоа тој има големо
биолошко значење. Во основа заморот претставува привремено нарушување на
внатрешната рамнотежа на организмот (хомеостаза), чија што основна последица е
намалувањето на работната способност. Меѓутоа истовремено повторување на таа
состојба, но без големо исцрпување претставува основен начин за зголемување на
моторичко-функционалните способности на организмот. Заморот има привремен
карактер и исчезнува за одреден временски период по престанувањето на работата.
При појавата
на замор особено доминира пореметувањето на координациските способности, нагло
опаѓање на мускулната работоспособност, чувство на гушење, нагло и обилно потење
проследено со руменило на кожата.
При појава на замор може да дојде и до така наречен
скриен замор,
при кој што се уште има сочувано одредено количество на работоспособност кое
може да се одржи со изразита мотивација. При овој вид на замор економичноста на
движењата видно опаѓа, а работата се спроведува со големи енергетска
потрошувачка. Оваа состојба уште се дефинира и како
компензирана форма на замор.
Ако и понатаму се продолжи со напорот и работата, тогаш настапува некомпензирана
форма на замор, или прав
(вистински) замор.
Како главни симптоми на оваа состојба се јавува губењето на работната
способност. Во нервниот систем се развива таканаречена
“заштитна
инхибиција”, што доведува до
прекин на работата. Кај некомпензираната форма особено се забележува намалување
на функцијата на надбубрежната жлезда, се намалува активноста на респиратотните
ферменти и се јавува секундарно интензивирање на анаеробните процеси на
гликолиза. Сето тоа води кон намалување на работоспособноста и спортските
резултати.
Главни симптоми на заморот се
:
“Заштитна инхибиција”
во ЦНС.
Намалување на функцијата на надбубрежната жлезда.
Намалување активностите на респиратотните ферменти.
Интензивирање на анаеробните процеси на гликолиза.
При појава и развој на заморот, значајна улога играат и емоциите. Кај
таканаречената позитивна емотивна состојба, која го активира симпатичкиот
систем, се зголемуваат и мобилизираат енергетските резерви на организмот, што ја
подобрува мускулната работа. Кај негативната емоционална состојба јасно зе
забележува влошување на многу функции на организмот и доаѓа до изразито
намалување на работната способност.
Емотивните фактори имаат важна, речиси одлучувачка улога во крајните моменти
кога и покрај лесно воочливите знаци на замор, под дејство на емотивните фактори
може да се забрза и зголеми работата што често доведува до победа во
натпреварувањата.
Посебен проблем во физиологија на заморот претставува механизамот по кој
настанува заморот. Во врска со тоа постојат повеќе теории, меѓутоа тие сеуште не
даваат задоволувачки одговор на прашањето од областа на етиологијата на заморот.
Денес врз основа на експерименталните и клиничките наоди може да се заклучи дека
заморот во организмот примарно се јавува во ЦНС. При интензивена и подолга
работа посебно чувствителни стануваат високо диференцијалните клетки од кората
на големиот мозок. Тој проблем го разработил И.П. Павлов кој проблемот на замор
го анализирал заедно со процесот на опоравок и одмор и дошол до заклучок дека
тоа се две страни на еден ист процес. Непходно е да се истакне дека мускулниот
замор е комплексна реакција на организмот, која покрај во нервниот систем се
јавува и во други системи.
Современите истражувања посебно го истакнуваат исцрпување на енергетскиот
материјал од клетките, пред се аденозин трифосфат (АТФ или
“ATP”). Дефицитот
на “ATP”
го стимулира зголемувањето на протеинските маси во митохондриите и по принцип нa
“повратни информации”, условува
зголемена продукција на “ATP” и во
текот на работата и во периодот на опоравок од заморот.
Покрај општоприфатеното мислење дека кај заморот прв на удар е кортексот,
понекогаш во прв план можат да се појават и некои други системи,
особено хормоните на хипофизата и надбубрежната жлезда при емоционален стрес.
Пореметување се јавува и во хемискиот состав на внатрешната средина на
организмот, првенствено поради намалување на ферментативната активност,
пригушување на липидниот и јагленохидратниот метаболизам и намалено користење на
“ATP”. Исто така на
физиолошко-биохемиски план како примарен фактор може да се јави и пореметување
во периферната, нервно-мускулна синапса, како и пореметување во рецептивниот
систем на мускулите и пореметување во процесот на
контрахирање.
Поради специфично функционирање на ЦНС кај децата,
заморот се јавува побрзо кај деца од училилшната возраст,
во однос на возрасните. Кај децата особено брзо се пореметува процесот на
внатрешна инхибиција. Поради тоа брзо
се губи вниманието, се јавува моторен немир кој се манифестира со нагло опаѓање
на моторните активности, што е
резултат за појава на заштитна инхибиција и изразено намалување на
раздразливоста на нервните клетки на кортексот.
Класификација на заморот
Место
на појава на заморот може да биде на преферија, во мускулите (преферен замор)
или во ЦНС
(централен замор). На периферијата заморот се јавува во
моторниот нерв, во моторната плоча (синапса) и
калциумовиот систем. Во ЦНС заморот се јавува во моторниот и сензорниот систем .
Зависно од тоа на кој дел од организмот доминантно влијае, заморот може да се
подели на:
Интелектуален.
Сензорен.
Емоционален и
Моторен.
Меѓутоа постои уште една поделба на заморот. Зависно од
карактерот на работата може да се подели на локален акутен замор и локален
хорничен замор (кога во работата е вклучено до 30% од вкупната мускулна маса),
потоа општ акутен замор и општ хроничен замор (кога во работата е вклучено над
70% од вкупната мускулна маса) и регионален акутен и регионален хроничен замор
(кога во работата се вклучени од 30 до 70% од вкупната мускулна маса).
На крај мора да се истакне дека заморот при работа е физиолошка појава а не
паталошки феномен.
Заморот може да се набљудува како корисна манифестација на организмот, бидејќи
сигнализира намалување на активностите и потреба од спроведување на
репаративните процеси во период на одмор т.е. опоравок.
Литература:
Radzo, I. i sar. (2000). Antropomotorika. Mostar:
Pedagoshka akademija Mostar.
http://www.savremenisport.com/Medicina_Zamor_i_oporavak_sportista.html
http://www.bhtrening.com/index.php?option=com_content&task=view&id=217&Itemid=1