http://cdn6.fotosearch.com/bthumb/CSP/CSP464/k4644616.jpg 

ВЛИЈАНИЕТО НА ЈОГАТА ВРЗ ЗДРАВСТВЕНИОТ СТАТУС НА ЧОВЕКОТ

        

 


Ана Ѓуроска
Бр. Индекс 5011

  
Вовед

          Едно од основните обележја на човековото тело е постојаната динамика на движењата како надворешно така и внатрешно. Сите органи и ткива работат без престан. Оваа така наречена машнина навечер би требала да престане со својата работа, но нејзини разни делови работат постојано без престанок. Додека пак Јогата како древна кинезиотерапетска а и во последно време позната (модерна) дисциплина помага и ги спречува акутните и хроничните дегенеративни циркулациски пореметувања.

Во последно време луѓето почнуваат да ја користат јогата, но многу малку од нив ја знаат нејзината вистинска примена и значење, и претежно ја користат за слабеење, оформување на телото или пак за душевното смирување.

Биомеханиката на јогата може да  исправи низа механички неправилности како што се хуатус хернија, умбиликална хернија, артритис, цервикални спондилитис итн. Со разни телесни движења можеме да влијаеме на бројни здраствени поместувања.

Положбите можат да бидат во седечка, стоечка, лежечка итн. со соодветна изведба на положбите може да се изврши оптоварување или истегнување на органите, мускулите, лигаментите и нервите. Предноста на вежбањето јога е всушност во бројните геометрискки облици кое телото ги завзема.


Јогата и зголемено ниво на ГАБА неутротрансмитер 

Истражувачите на Бостонскиот универзитет на Факултетот за медицина (БУСМ) и Мелкин болницата покажале дека вежбањето јога може да ги воздигне мозочните клетки во основното ниво на инхибиторни невротрансмитери ГАБА (гама-аминобутерна). Студиите се објавени во мал број на списаниија за алтернативна и комплементарна медицина, и укажуваат на тоа дека јогата може да се вклучи како соодветен третман за депресија и анксиозност, нарушувања поврзани со ниски нивоа на невротрансмитерот ГАБА. Светската здраствена организација наведува дека од ментална болест, депресија и анксиозност боледуваат околу 15% луѓе во светот. Д-р Ерик Јенсен професор во одделот за психологија на Медицинскиот факултет Харвард и лекар во Меклин болницата направил истражување во кое на своите учесници им дал задача да читаат по еден час пред и по вежбањето јога. Со тоа покажал дека имало 27 проценти зголемување на ГАБА нивоата.

Истражувањата покажуваат дека јогата ветува во подобрување на симптомите поврзани со депресија, анксиозност и епилепсија “Истражувањето јасно покажува дека во мозокот ГАБА нивото се зголемува откако се користеше час по јога“ - вели водечкиот авторот на студијата Крис Стреетер, професор по психијатрија и неврологија и научен соработник  на Меклин болницата.

Додека пак некои други студии покажуваат дека ниското ниво на ГАБА пооврзани се поврзани со Алцхајмеровата болест. Ако ова е точно, тогаш јога вежбите можат да бидат корисни во третманот на Алцхајмеровата болест.


Јогата против сколиозата 

Сколиозата е странично отстапување или можност за рбетниот деформитет. Тоа се случува во развојна фаза и може да продолжи и во позрела фаза на осификација на скелетниот систем. Соодветната селекција на јога позиции може да влијае на рехабилитација на сколиозата.

Најчестиот облик на сколиоза се нарекаува идиопатска, што значи нема познати причини. Други форма е вродена нервна сколиоза.

Истражувањата покажуваат дека идиопатска сколиоза е поврзана од хормонални причини, вклучувајки и високи количинина мелатонин .

Овој тип на сколиоза исто така има наследни компоненти.

Доколку имаме искривување повеке од 20 степени постои ризик на континуирано напредување на закривеност и скелетна зрелост.

Сколиозата може да направи промени и во карлицата, рамениот појас, карличната коска и создава чуство на асиметрија и несовпаѓања на долните екстремитети
(пример едната нога останува подолга од другата). Исто така таа влијае на скелетот, коските, мускулите на рбетот. Доколку се користат јога вежбите може да се создаде рамнотажа на мускулите.

 
Што претставува јогата денес?

Зборот јода доага од коренот санскрит јуј што значи зацврстување, ќе се обединат и одговара со англискиот збор јарем.

Јогата е средство за рамнотежа за многу спротивности, создавање хармонија во област на различноста.

Од средината на 20век до ден денес, бројот на научни истражувања за јогата ги потврдуваат позитивните ефекти од оваа древна кинезитерапевтска и психолошка метода.

Иако јогата има најголемо значење во профилактичка форма на одржување на здравјето и зголемување на нивото енергија, самореализација и креативноста на поединци, таа успешно се користи и во терапеутски третмани.

За разлика од конвенционалните третмани, како што се медицината, хирургијата, фармакологијата, акупунктура, психотерапијата и физикалната терапија кои работат на исцелување на телото и душата со прилично пасивна улога на пациентот, јогата му дава на пациентот можност да превзема активна улога во сопствениот третман. Практикување јога исто така е ефективна заедно и со примената на конвенционалните методи.

Јогата преку бројни научни студии се покажало како успешна во намалувањето на крвниот притиосок, намалување на дебелината, зајакнување на имунитетот, рамнотежа на шеќерот во крвта, зајакнување на коските од остеопороза и разни проблеми во рбетниот столб како и сите проблеми предизвикани од стрес и анксиозност, што е исклучително важно  бидејки околу 75-90 проценти од работоспособното население оди на лекар поради стрес.

Стресот игра клучна улога во следните болести: хипертензија, срцев удар, дијабетес, астма, хронична болка, алергии, главоболки, болки во грбот, разни кожни болести итн.

Сепак јогата, традиционално се користи како пат кон ослободувањето и просветлувањето.

Од античките  мајстори на јогата знаеме дека човекот не може никогаш да биде целосно задоволен доколку најде извор на среќа надвор од задоволството и болката.

 

 
Литература


www.astangajoga.com

dr.krisna - joga i biomehanika i joga

 

6.5.2012 г.