![]() |
СТРУКТУРА И ФУНКЦИЈА НА
|
|
Вовед
Зглобовите претставуваат места каде што се поврзуваат две коски. Зглобовите се групирани според својот состав и според начинот на кој се движат. Кај подвижните синовијални зглобови, површините на коските што се допираат т.н. зглобовни поршини, многу лесно се лизгаат една на друга. Полуподвижните зглобови, како што се зглобовите во ‘рбетниот столб, се поцврсто поврзани и даваат поголема стабилност, но помала еластичност.Некои зглобови, како зглобобите на черепот, се целосно неподвижни.
Неподвижни зглобови
Повеќето зглобови во телото на човекот се подвижни синовијални зглобови. Овие зглобови ги подмачкува сивонијалната течност што ја лачи синовијалната мембрана и која го намалува триењето меѓу зглобните површини при движењата на зглобот. Кружните и шарковидните зглобови овозможуваат движење на зглобените коски само во една рамнина (на пр. од една на друга страна или горе-долу), а елипсовидните зглобови овозможуваат движење во две рамнини кои се под прав агол една во однос на друга. Меѓутоа, кај повеќето зглобови можно е движење во повеќе од две рамнини, што овозможува широк опсег на движење. Зглобот на рамото, кој претставува топчест зглоб, е еден од најподвижните и најсложените зглобови на телото. Се движи горе-долу, напред-назад, па дури и кружни со што и се овозможува на раката да направи цел круг.
Полуподвижни и неподвижни зглобови
Во телото не се сите зглобови подвижни како синовијалните зглобови. Во полуподвижните зглобови меѓу зглобните површини на коските се наоѓа ‘рскавица која овозможува многу малку движење на зглобот. Полуподвижни се зглобовите во ‘рбетот, како и зглобот што се наоѓа во основата на карлицата (пубична синфоза). Кај неподвижните зглобови движењата меѓу коските не се можни. Плоскавите коски на черепот по раѓањето меѓусебно се поврзани лабаво, што овозможува черепот да расте во детството, но кога растењето ќе заврши, на составите коските меѓусебно сраснуваат. Крстната коска претставува уште еден пример во кој зглобовите меѓубесно сраснале. Така сврзните ‘рбетни пршлени го потпираат телото и го прават стабилно.
Одржување на стабилноста на зглобовите
Синовијалните (подвижните) зглобови неопходно е да се одржуваат стабилни при движењето. Повеќето зглобови се зацврстени со лигаменти, цврсти фиброзни и еластични ленти од сврзно ткиво. Надворешните лигаменти се сврзани со коските, образувајќи фиброзна капсула (зглобна обвивка) која го обвива целиот зглоб. Фиброзната капсула го штити зглобот од оштетувања и повреди и истовремено го прави стабилен и флексибилен. Освен што има надворешни лигаменти, зглобот на коленото има и внатрешни т.н. крстосани врски на коленото. Тоа се дебели фиброзни ленти што се вкрстосуваат во внатрешноста на зглобот и ги поврзуваат краевите на коските што го образуваат зглобот. Некои зглобови во телото како што се скочниот и рачниот зглоб, исто така имаат дебели, густи ленти од сврзливо ткиво, наречени ретинакулуми (врски) кои,како лисици, се обвиени околу тетивите. Улогата на ретинакулумите е да ги држат тетивите заедно и да им оневозможуваат да се свиткаат кога мускилите се скратуваат и издолжуваат.
Внатрешноста на зглобот
Синовијалните зглобови се подвижни и стабилни делови на телото. Зглобните површини на коските, кои меѓусебно се зглобуваат, се покриени со мазна ‘рскавица која овозможува зглобните површини лесно да се лизгаат една над друга. Зглобната празнина е исполнета со синовијална течност, што дополнително ја зголемува подвижноста во зглобот. Оваа течност има и заштитна улога, а содржи масти и протеини кои ја хранат зглобната ‘рскавица. Синовијалната течност ја создава и лачи синовијалната мембрана и постојано ја реапсорбира и надополнува. Околу синовијалната мембрана има цврста симброзна обвивка-фиброзна капсула (зглобна обвивка) која го обвива целиот зглоб.
Амортизирање на механичкото оптоварување
Меѓу коските што ги образуваат зглобот на коленото и рачниот зглоб, како и меѓу телата на ‘рбетните пршлени, се наоѓаат фиброзни дискови кои ги штитат зглобовите и коските од оштетување. Тие во зглобот на коленото и рачниот зглоб се наречени менискуси, а во ‘рбетот меѓупршленски дискови. Дискот е составен од два дела: внатрешен, желатинозен дел, составен од вода и колагени влакна потопени во неа и надворешен, фиброзен прстен.
Литература
Голема илустрирана енциклопедија ‘’ЧОВЕК’’- (Dorling Kindersley Limited,London ‘’HUMAN’’ 2004).