РАЗВОЈОТ НА СПОРТОТ ЗА

 ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

 ПОСЛЕ ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

 


Рубинчо Ристески
Бр. Индекс 6528

  

 

ВОВЕД


Спортот за лицата со инвалидност егзистира повеќе од 100 години, односно првите клубови за глувонеми лица се формирани во Берлин во 1888 година.
Сепак, по Втората светска војна не беше приоритет спортот за лицата со инвалидност, бидејќи во тоа време целта беше да им се помогне на големиот број воени ветерани и цивили кои беа повредени за време на војната.
Во 1944 година, на барање на британската влада, д-р Лудвиг Гутман отвори центар за лица со повреда на 'рбетниот мозок во болницата Стоук Мандевил во Велика Британија. Со текот на времето, спортот за рехабилитација еволуираше во рекреативен спорт, а подоцна и во натпреварувачки спорт.
 

СТОУК МАНДЕВИЛ ИГРИ


На 29 јули 1948 година, на денот на отворањето на Олимписките игри во Лондон, д-р Гутман го организираше првиот натпревар за спортисти со инвалидски колички, наречен Стоук Мандевил игри, кој всушност претставува пресвртница во параолимписката историја.
Шеснаесет ранети во војната мажи и жени учествувале во стреличарство. Во 1952 година, холандските поранешни воени ранети членови се приклучиле на Движењето и со тоа биле основани Меѓународните игри Стоук Мандевил.

 

 

ИСТОРИЈАТ НА ПАРАОЛИМПИЗМОТ ВО СВЕТОТ


Меѓународните игри Стоук Мандевил стануваат Параолимписки игри, кои се одржаа за прв пат во Рим, Италија, во 1960 година, со настап на 400 спортисти од 23 земји. Оттогаш тие се одржуваат на секои четири години.
Првите Параолимписки Зимски игри се одржаа во Шведска во 1976 година, а како и Летните игри, тие се одржуваат на секои четири години и вклучуваат Параолимписка церемонија на отворање и Параолимписка церемонија на затворањето.
Од летните игри во Сеул, Јужна Кореја, во 1988 година и Зимските игри во Албертвил, Франција, во 1992 година, Игрите се одржуваат во истите градови и места како и Олимпијадите заради што е и постигнат договор помеѓу Интернационалниот параолимписки комитет (ИПЦ) и Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Исто така, во 1960 г. под заштита на Светската федерација на поранешни војници, формирана е меѓународна работна група за спортови со инвалидност, за да ги проучи проблемите со спортот за лицата со инвалидност. Ова резултираше во создавање на Меѓународната организација за спорт за лица со инвалидност (сега ИОСД) во 1964 година, која нуди можности за оние спортисти кои не беа квалификувани за Интернационални игри со Стоук Мандевил: луѓе со оштетен вид, со ампутации, луѓе со церебрална парализа и параплегија.
Најпрво, 16 земји беа поврзани со ИОСД, и организацијата имаше за цел да вклучи слепи и спортисти со ампутации на Параолимписките игри во Торонто 1976 година и спортисти со церебрална парализа во Арнхем во 1980 година. Нивната цел беше да ги прифатат сите инвалидитети во иднина и да дејствуваат како Комитет за координација. Сепак, други меѓународни организации ориентирани кон инвалидитет, како што се Меѓународното здружение за спорт и рекреација на луѓе со церебрална парализа (ЦПИСРА) и Меѓународната федерација за спорт за слепи (ИБСА) се основани во 1978 и 1980 година.
Четирите меѓународни организации почувствуваа потреба да ги координираат Игрите, и со тоа го создадоа „Меѓународниот комитет за координација на спортот за лица со инвалидност во светот“ (МКС) во 1982 година.
МКС првично беше составен од четворицата претседатели на КПИСРА, ИБСА, ИСМГФ и ИСОД, генералните секретари и дополнителен член (првично тој беше заменик претседател, а подоцна и технички офицер).
Меѓународниот комитет за спорт за глуви (ЦИСС) и Меѓународната федерација за спорт на лица со интелектуална попреченост (ИНАС) се приклучија во 1986 година, но глувите и натаму ја одржуваат својата организација. Сепак, земјите-членки побараа поголема национална и регионална застапеност во организацијата.
Конечно, на 22 септември 1989 година, Меѓународниот параолимписки комитет беше основан како меѓународна непрофитна организација во Дизелдорф, Германија, за да дејствува како раководно тело на Светското параолимписко движење.

Зборот „Параолимпик“ потекнува од грчкиот збор „ПАРА“ (веднаш до или до) и зборот „Олимпик“. неговото значење е дека Параолимпијадата се игри паралелни со Олимпијадата и илустрира како двете движења постојат еден до друг.
Денес на Параолимписките игри има вкупно 28 спортови, од кои 22 спортови ќе бидат дел од летните параолимписки игри во Токио 2021 год. (Параолимписките игри се поместени од 2020 во 2021 година заради светската пандемија на Корона вирусот), а во Токио 2021 свое деби ќе имаат Бадминтон и Таеквондо, додека 6 спортови се дел од зимските параолимписки игри.
Спортистите на параолимписките игри се натпреваруваат согласно меѓународната класификација за тежината на својата инвалидност за да се избегне натпревар на спортист со потешка инвалидност со спортист со полесна инвалидност. За таа класификација ангажирани се посебно обучени лица – класификатори, кои за да имаат право да класифицираат спортисти со инвалидност, тие треба да поминат посебни меѓународни обуки. Република Северна Македонија нема свој класификатор за ниту еден параолимписки спорт до овој момент.

 

ИСТОРИЈАТ НА ПАРАОЛИМПИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

На 13.06.1965 година, во инвалидското одморалиште Сутјеска во Охрид беше одржана основачка конференција на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија во состав на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите на Југославија.
За прв претседател е избран Бојко Затенко, а во понатамошниот тек на работењето за претседатели биле избирани: Реиз Шаќири, Киро Менков, Ангел Мојсовски, Проф.д-р. Никола Христов, Бранимир Јовановски, Коце Димов и Тихо Русовски.
Особена заслуга за развојот на спортот на инвалидите во Република Северна Македонија имаат стручните лица кои долги години работеа на спроведувањето на спортските програми во улога на спортски работници, особено Панче Пандилов, секретарите: Славко Јовевски, Ивица Гласновиќ, Саво Герасимовски, Темелко Дојчиноски, како и сегашниот секретар на НФСРИСМ - ПКСМ, Драган Дојчиноски.
Федерацијата ги прилагодувала своите акти и го менувала својот назив согласно законските прописи во врска со Законот за здруженија на граѓани и фондации, Законот за инвалидски организации, Законот за спорт, но и Уставот.
Денес полниот назив на организацијата е: Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија - Параолимписки Комитет на Северна Македонија.


МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ НА ПАРАОЛИМПИСКИТЕ


ИГРИ 1976-2016


Иако веќе во 1980 година Македонија го имаше својот прв претставник на ЛОИ, веќе од 1992 година нашите спортисти редовно учествуваат на сите параолимпијади на кои и остварија импозантен резултат, освојувајќи 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали.
Македонските параолимпијци и нивните резултати:

1. ПАНОВ Сашо – скијање, роден 1944, Скопје,
ЗПОИ Еришелдсвик 1976, пласман: 9 место во слалом.

 

 

1.     2. ЖАБЕВ Вангел – пливање, роден 1939, Љаљево, Пиринска Македонија,

ЛПОИ – Арнхем 1980, пласман: 50м слободно - бронзен медал и 3х50м мешано – бронзен медал.

 

1.     3. ЈОВАНОВСКИ Бранимир - стрелаштво, роден 1961, Куманово,

ЛПОИ – Барселона 1992, пласман: златен медал со воздушен пиштол, 14 место со МК спортски пиштол.

ЛПОИ – Атланта 1996, пласман: воздушен пиштол 7 место,МК спортски пиштол 12 место, МК пиштол слободен избор 15 место.

ЛПОИ – Сиднеј 2000, пласман: воздушен пиштол 6 место, МК пиштол слободен избор

9 место, МК спортски пиштол 12 место.

ЛПОИ – Атина 2004, пласман: МК пиштол 5 место, воздушен пиштол 11 место, МК спортски пиштол 22. 

 

1.     4. КАРАНФИЛОВ Ванчо – стрелаштво, роден 1956, с.Ораовица - Радовиш,

ЛПОИ – Сиднеј 2000, пласман: МК слободен избор 5 место, воздушен пиштол 11 место.

ЛПОИ – Атина 2004, пласман: воздушен пиштол сребрен медал, спортски пиштол 12 место, МК пиштол 22 место.

ЛПОИ – Пекинг 2008, пласман: воздушен пиштол 27 место, МК спорт пиштол 13 место, МК спорт пиштол слободен избор 22 место.

ЛПОИ – Воздушен пиштол 22 место, МК спорт пиштол 10 место, МК спорт пиштол слободен избор 27 место.

 

 

1.     5. НАКОВСКА-БИКОВА Оливера – стрелаштво, родена 1974, Битола,

ЛПОИ – Атина 2004, пласман: воздушен пиштол 6 место, спортски пиштол 14 место, МК пиштол 26 место.

ЛПОИ – Пекинг 2008, пласман: воздушен пиштол 5 место, МК спорт пиштол 15 место, МК спорт пиштол слободен избор 15 место.

ЛПОИ – 2012 Лондон, пласман: Воздушен пиштол Златен медал, МК спорт пиштол 12 место, Мк спорт пиштол слободен избор 17 место.

ЛПОИ – Рио 2016, пласман: воздушен пиштол 7 место, МК спорт пиштол 14 место, МК спорт пиштол слободен избор 4 место.

 

 

 

ЗАКЛУЧОК


Со вклучувањето на лицата со инвалидност во спортски активности, со цел опоравување од оперативни хируршки интервенции, д-р Гутман дошол до идеја тие активности да добијат и натпреварувачки карактер, со цел да бидат поинтересни, така се родиле Стоук Мандевил игрите, кои подоцна прераснале и во Параолимписки игри.
Денес, параолимписките игри се симбол на спортот за лицата со инвалидност, на кои преку медиумите гледаме дека спортистите се залагаат максимално, гледаме радост, тага поради загубен натпревар, итн.
Денес параолимписките игри се скоро на исто рамниште со постигнати резултати како и олимписките игри. Сонот на секој спортист со инвалидност е ист како и сонот на спортист кој нема инвалидност, а тоа е Олимпијада односно Параолимпијада.
Тој сон во нашата држава го оствариле само 5 параолимпијци и тоа Сашо Панов, Вангел Жабев, Бранимир Јовановски, Ванчо Каранфилов и Оливера Наковска Бикова.
Од наведените параолимпијци до моментот на овој мој текст активни се уште Ванчо Каранфилов и Оливера Наковска Бикова, со тоа што до овој момент сигурно учество за претстојните параолимписки игри кои ќе се одржат во Токио 2021 има обезбедено само Оливера Наковска Бикова.
Параолимпискиот сон никогаш нема да згасне, јас силно верувам во тоа, а верувам и во стручниот кадар на Факултетот за физичко образование спорт и задравје од Скопје, дека со произведениот стручен кадар на Факултетот, спортистите со инвалидност ќе добијат стручна помош во реализирањето на тој сон.
Мојот сон исто така беше да учествувам на параолимписки игри, барем еднаш, како човек кој се занимава со пинг-понг 29 години, ама мене тој сон не ми се оствари. Затоа со запишувањето на овој факултет односно на Факултетот за физичко образование спорт и здравје на кој се произведуваат стручни кадри во спортот веќе од 1991 година, јас ја избрав насоката Спортски тренер - Спорт за инвалиди, со цел, ако можам да помогнам со моја стручна помош еден ден да му се оствари параолимпискиот сон на некој иден спортист.

 

КОЛАЖ ОД СЛИКИ НА ПАРАОЛИМПИЈАДИ

 

 

 

 

 

 

СЛИКИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ПАРАОЛИМПИЈЦИ

 

 

 

 

ЛИТЕРАТУРА    

 

·       Иванов Д. : Историја на физичката култура, 3 изд. - Скопје, Конгресен сервисен центар, Полица, 2017.

·       Наумовски М. Сидороски А. Јовановски Б. Маринковиќ М : Олимпизам, Македонски олимписки комитет, Цетис Принт-Скопје 2005.

·       https://www.paralympic.org/ipc/history

·       https://web.archive.org/web/20090206205816/http://www.accessibleportugal.com/revista/2008/Setembro/capa1.html

·       https://www.paralympic.org/sports

·       http://www.nsiom.org.mk/index.php/clenki/fsrim/istorijat-na-nfsrim-mpk

·       https://www.youtube.com/watch?v=aLOMJPSuLjU&feature=emb_title

·       https://www.paralympic.org/classification