ПРИНЦИПИ НА ДВИЖЕЊЕ И СТАБИЛНОСТ

(физика на ограничувањата)





 

 



Африм Сулејмани
Бр. Индекс 4744

 

Движењето се изведува во средина која е регулирана со некои принципи на движење и стабилност, односно одредени закони на физиката  кои што ги ограничуваат движењата. Да ја разгледаме гравитацијата како пример за ограничување на средината. Наједноставниот начин  да се помисли за гравитацијата е дека сите предмети се привлекуваат едни кон други и големината на тоа привлакување, зависи од нивните маси. Бидејќи масата на земјата е толку голема, предметите на нејзината површина, имаат тенденција на паѓање кон нејзиниот центар. Ако скокнете нагоре, висината на скокот не може да продолжи да се зголемува. Наместо тоа, ќе има тенденција да се вратите назад кон земјата како резултат на гравитација: тоа што се движи нагоре, мора да се врати долу (слика 1). Силата на гравитација постои насекаде околу нас, при што потенцира одредени модели на моторни шаблони а други ги елиминира. Кои се некои од моторичките манифестации кои ги потенцира гравитацијата? Човекот мора да ги активира постуралните мускулни групи за да ја одржи положбата, дури и при извршување на некое научено (едноставно) движење. Понатаму, таа мускулна група мора да дејствува во спротивна насока од гравитацијата за телото да се одржи исправено. Ако човек скокне под одреден агол напред или фрли предмет силата на гравитација ќе предизвика неговата траекторија (патека) да биде параболична. Затоа, ограничувањата од средината влијаат на шаблонот на изведба.

 

 


                            

 

 

                                                           Слика 1

Во исто време, ограничувањата или индивидуалните карактеристики на изведувачите влијаат на самите шаблони на движење. Луѓето манифестираат фрлање користејќи шаблон на движење кој е диктиран од формата и структурата на човечкото тело и неговите екстремитети. Ако се разгледа формата и структурата на коските на рамото (слика 2.), но и мускулите исто така, имаат посебна функционална форма и големина, и ги повезуваат коските едни со други. Потоа, нервниот систем ги координира мускулните контракции. Луѓето ги користат своите тела да се движат според претходно дефинирана цел, која исто така делува на ограничување на движењата. Тука лежи меѓусебната поврзаност на ограничувањата: човекот, со неговата смислена цел, дејствува да го изведе движењето во рамките на средината која го опкружува. Човекот, средината (опкружувањето) и задачите, заемно дејстуваат во обликувањето или ограничувањето на шаблонот на движење.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика 2

Јасно е, дека некои шаблони на движење го оптимизираат производот од изведбата во вештината, а други не. Ако му дадеме задача на човек “да фрли камен колку што е можно подалеку“, човекот може да манифестира различни шаблони на моторни движења додека го поместува каменот, но само еден човек ќе го фрли или помести каменот колку што е можно подалеку.

За да ги развијат своите вештини, децата и возрасните мора да научат да ги користат  движечките шаблони кои ќе ја оптимизираат изведбата. Со промените што се случуваат во детското тело овој процес се комплицира. Растот ја менува вкупната негова големина и пропорциите. Како децата растат и созреваат, нивниот коскен, мускулен и нервен систем им овозможува да манифестираат поголема сила. Промената во нивните тела значи менување на индивидуалните ограничувања, како што се случува тоа така се менува и интеракцијата помеѓу човекот и ограничувањата од околината (опкружувањето). Со искористување на принципите на движење и стабилност, децата ги откриваат квалитативно различните шаблони на движење кои го подобруваат резултатот во манифестацијата на нивната вештина. Па така, со оглед на нивната големина на телото, обликот и силата, можат да го извршуват она што за нив претставува најуспешен или најефикасен шаблон на движење. Сепак, како што растат и физиолошки созреваат и стекнуваат искуство, другите движечки шаблони стануваат можни и им овозможуваат на децата да ги изведат вештините со поголема ефикасност.

            Повреда или хендикеп може да ги промени индивидуалните ограничувања на краток или подолг период. Како резултат на тоа, човекот мора повторно да научи како да ја користи механиката на движењето во зависност од неговото тело, структура и функцијата. Возрасните, исто така, можат да ги искористат предностите на овие принципи на движење и стабилност. Исто како и со децата, еден возрасен може да го изведе шаблонот на движење кој му овозможува најголем успех. Со текот времето и искуството (а во некои случаи, со технолошки напредна опрема), можат да се појават нови модели, кои ќе овозможуват повешта изведба.

            Разбирањето на принципите на движење и стабилност се од суштинско значење за следење на моторните изведби. Овие принципи помогаат да се утврди кои шаблони на движења би овозможиле оптимални резултати а кои не. Познавањето на принципите, исто така ни помага да се фокусираме на критични аспекти на движењето, при што овие вешти шаблони на движење се воочливи кај поквалитетните спортисти за разлика од почетниците. Искористувањето на овие принципи може многу да ни помогне да добиеме повеќе од нашите движења.

 
 

ДВИЖЕЊЕ ВО СПРОТИВНА НАСОКА ОД ГРАВИТАЦИЈАТА: МАНИФЕСТИРАЊЕ НА СИЛА

 

            За да се поместиме самите или некој предмет, мора да манифестираме сила. Всушност, неподвижен објект или некое лице нема да се движи се додека на него не дејствува некоја сила. Преку ова можеме да го препознаме Првиот Њутнов закон за движење. Предметите остануваат во мирување или во движење се додека на него не дејстува некоја сила. Веројатно го разбравте Првиот Њутнов закон без воопшто да размислуваме за него (на пример ако сте неуреден тинејџер, твоите родители ке ти кажат “ако ги оставиш чорапите на подот, тие ќе бидат таму, кога ќе се вратиш!“ Ова е одличен пример за Првиот Њутнов закон). Едноставно кажано, за да се движи нешто, мора на него да дејстува некоја сила.

Првиот Њутнов закон е релативно едноставен и јасен: мора да постои сила за нешто да се придвижи и сила за да се промени насоката на движење на телото кое се движи. Вториот Њутновиот закон на движење е поврзан со манифестирањето на силата, забрзувањето и масата. Во основа, сумата на забрзување на телото е  пропорционална на силата која дејстува на него а обратно пропорционална на неговата маса. Оваа поврзаност е полесно да се разбере кога е објаснето со пример. На пример, потребна е поголма сила за да се фрли ѓуле (кое има поголема маса) и притоа да се движи брзо како топче за тенис (кое има помала маса). Исто така, ако некој шутне фудбалска топка посилно, таа побрзо ќе се забрза и притоа ќе отиде подалеку. Поради тоа е важно да се разбере вториот Њутнов закон кога ќе се обидеме да се движиме поефикасно.

            Ние може да ги користиме овие закони со другите принципи кои се во релација со силата за да сфатиме како да ја оптимизираме нашата изведба. Прво, постои поврзаност помеѓу манифестирањето на силата и должината на која таа дејствува. Можеме да ја подобриме ефикасноста со манифестирање на сила на подолго растојание. На пример, мало дете може топчето често пати да го исфрли без поместување на нозете. Со држењето на нозете собрани во место може да си ја наруши рамнотежата, а со тоа и топчето нема да отиде многу далеку. Искусен фрлач ќе направи чекор напред со спротивната нога, а така ќе го зголеми линеарното растојание врз кое дејствува силата. Обидете се да фрлите топка со и без исчекорување и ќе откриете колку зголемувањето на линерното растојание со чекор помага во вашата изведба.

            Ние исто така покрај линеарното растојание, можеме да го разгледаме и ротационото или аголно растојание. Кога ќе фрлите топка, вашата рака ротира околу одреден зглоб и оттаму ќе измине определен број на степени или аголно растојание. Со зголемување на неговиот опсег на движење на телото, човекот може да го зголеми аголното растојание врз кое дејствува силата а со тоа да ја максимизира нејзината изведба. Со користење на подготвително замавнување фрлачот се поставува во позиција да го зголеми линеарното и аголното растојание на дејстување на силата. Подготвителното замавнување, ги истигнува мускулите кои што ги активира фрлачот а тоа пак му овозможува да биде подготвен за максимална контракција. Овие акции му овозможуваат на човекот да го фрли предметот со поголема брзина, отколку што може да се реализира без замавнување и без целосна амплитуда на движење.

 

          Важно е да се забележи дека во повеќето движечки вештини постои оптимална поврзаност помеѓу силата и растојанието. Зголемувањето на линеарното или аголното растојание за одредена сила нема автоматски да резултира со подобрување во изведбата. Изведувачот мора прво да препознае што е целосна амплитуда на движење на одредена вештина. Преку набљудување на децата за време на движење, ќе видиме како може да се утврдат врските помеѓу силата и растојанието. Промените во шаблоните на движење се поврзани со манифестирањето на силата која често пати овозможува  поголема брзина на сметка на стабилноста. Можете да замислите како еден фудбалер иако може да генерира многу голема сила во неговите нозе при шутирање, а на друг пак фудбалер не му треба многу напор за да се движи кон противничкото поле (слика 3).

 

 

 

 

 

 

Слика 3



ДВИЖЕЊЕ ВО СПРОТИВНА НАСОКА ОД ГРАВИТАЦИЈАТА: АКЦИЈА И РЕАКЦИЈА

 

 

            Кога се набљудуваaт промените во моторното однесување во текот на животот на човекот, ние исто така забележуваме дека изведувачите можат да ги искористат предностите и на третиот Њутнов закон за движење: за секоја акција, постои еднаква и спротивна реакција. Ова значи дека ако манифестираме сила врз некој предмет, тој исто така ќе возврати со сила (еднаква и со спротивна насока) назад кон нас.

            Ова може да изгледа збунувачки на прв поглед, но еден пример може да го појасни. Како што одите, вие можете да притискате на подот или на површината по која одите. Што би се случило доколку подот не ви го возврати тоа? Ако вие мислите дека ногата ќе оди преку подот, тогаш вие сте во право. Можеби ваквата ситуација ќе ви се случи кога вие ќе одите на тенок слој мраз или преку нестабилна подлога. Како законот на акција-реакција ќе влијае на шаблоните на движење? Кога се движиме напред додека пешачиме, мора да притискаме надолу и назад, но и површината притиска нагоре и назад. Да ги разгледаме шаблоните на движење кај малите бебиња. Голем дел од нивната сила е насочена надолу а не назад. Ова им овозможува да се движат без да се наруши нивната рамнотежа, но пак придвижувањето нанапред е бавно. Со поголемо искуство во одењето, поединците ќе започнат да манифестираат повеќе сила назад и така ќе можат да се движат напред побрзо.

Да ги разгледаме импликациите на третиот Њутнов закон. Ако секоја акција што ја прави еден изведувач резултира во еднаква и спротивна реакција, а потоа сите сили, кои се применети надвор од рамнината на движењето ќе доведат до несакана сила на реакција. Овие сили ќе ја намалат ефиикасност на изведбата на движењето. На пример, ако сакаме да одиме напред, а потоа да манифестираме сила во друга насока ќе направиме движењето да е помалку ефикасно. Спортистите се обидуваат во нивнат извебедба да манифестираат максимална сила кога се движат во една рамнина. Во вештини како што е шутирањето на топката, максималното напрегање се карактеризира со целосно испружување на ногата со која се шутира топката (слика 4).

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика 4

Ние истотака можеме да видиме дека законот на акција-реакција се применува помеѓу повеќето делови од телото. На пример, во локомотората вештина како што е трчање, долниот дел од телото се засукува на една страна а горниот дел од телото се отвара на спротивната страна. Едната нога оди напред, а раката од истата страна се движи назад. Ногата на едната страна на телото и раката на другата страна се нишаат напред и назад едновремено. Овој познат шаблон се нарекува спротивно (контралатерално) движење на раката и ногата, и е присутно при манифестирањето на посложените моторни вештини (слика 5).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика 5



ОДНОСОТ ПОМЕЃУ ЕКСТРЕМИТЕТИ
КОИ РОТИРААТ И  ПРОЕКТИЛИТЕ

 

 

               Човекот се движи кога неговите екстремитети ротираат околу еден или повеќе зглобови. Ова движење е ротационо (аголно). Во суштина, кога се исфрла предмет (т.е., фрлање или шутирање), ногата на поединецот опишува дел од круг – рака се движи во лак при фрлањето, а ногата во лак при шутирање. Исфрлањето или удирањето на еден предмет предизвикува тој да лета далеку од оваа закривена линија по права линија од точката на исфрлање или судар. Јасно е, дека постои врска помеѓу брзината на раката што ротира и брзината на исфрлениот предмет. Еве еден пример. Ако некој бејзбол играч фрла топка од одредено место, брзината што ја има топчето во моементот на напуштање на неговата рака, ќе зависи од тоа колку брзо играчот ја движел раката како и должината на поместувањето на неговата рака во моментот на ифрлање. Во повеќето научни термини, линеарната брзина на предметот е производ на неговата аголна брзина и радиусот на ротација.

Што значи ова од аспект на оптималност на изведбата? Пред се, како децата растат, им се зголемува и должината на екстремитетите. Ова треба да доведе до промени во брзината (и далечината) на исфрлање на предметите, што може да се појави дури и без промени на формата на движење (шаблонот на движење). Исто така ќе се предизвика и зголемувањето на аголната брзина како резултати на овие промени. Сепак, во секое време човекот не може да ја зголеми неговата должина на екстремитетите или аголната брзина. Што ќе се случи ако еден спортист ја ротира својата нога што е можно побрзо? Од друга страна постои начин да се зголеми брзината на исфрлениот предмет. Спортистот мора да ги растегне своите екстремитети – а со ова ќе го зголеми радиусот на ротацијата – со испружување непосредно пред моментот на исфрлање или удар (шут). Разгледај ја ситуацијата на играчот кој го фрла топчето (слика 6). Во моментот на исфрлање, раката на играчот е испружена колку што е можно повеќе, со што се зголемува брзината на исфрлање на топката.

 

 

 

 

 

 

 

 


Слика 6


             Во моментот на замав, можеби ќе се прашате зошто поискусните спортисти не ги задржуваат своите екстремитети испружени во текот на целото движење. Ако испружената нога води кон поголема брзина, зошто честопати атлетичарите ги почнуваат нивните движења во свиткана позиција а не исправена? Одговорот лежи, се разбира, во друг закон на движењето, а тоа е инерцијата. Најверојатно сте слушнале за поимот инерција порано, а тоа значи дека отпорот на објектот кон движење и е поврзан со неговата маса. Кога се изведуваат аголни движења во спортовите и физички активности (раце и нозе), отпорот на движење не зависи само од масата, туку и од должината на екстремитетите.

            Како што се зголемува должината на ногата за одредена маса, така се зголемува и отпорот на движење. Како се зголемува и отпорот кон движење, така се зголемува и количината на енергијата потребна за да се помести предметот. На кратко, со свиткување на ногата се намалува енергијата потребна за да се помести ногата.

Да разгледаме неколку вештини во кои можеме да видиме како спортистите можат да ги користат предностите на овие два принципа за да ја максимизираат изведбата. Прво, да разгледаме како спринтерите се натпреваруваат на 100-метри трчање (слика 7). Непосредно пред контактот со земјата, спринтерите целосно ги испружуваат нивните нозе, за да ја зголемат нивната брзина на одразување. Сепак, спринтерите ги свиткуваат нозете кога ги подигнуваат од подлогата и замавнуваат нанапред. Ова ја зачувува енергијата и силата на тој екстремитет. Друг пример се јавува кај играчите во крикет кога замавнуваат со палката кога го удираат топчето. Тој што удира ја зачувува силата на почетокот на замавнувањето со палката, со тоа што ги држи лактите свиткани. Непосредно пред моментот на удирање, тој ги испружува неговите раце колко што е можно повеќе.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Слика 7



ОТВОРЕН КИНЕМАТИЧКИ СИНЏИР

            Едно човек може да фрли или шутне предмет на кратко растојание само со замавнување на зглобот на шаката или врвот на прстите. Но, максималното балистичко напрегање мора да вклучи не само повеќе делови од телото, туку тие делови да се движат во секвенци (низи). Секвенцата мора да биде синхронизирана така што изведувачот манифестира сила на секое следно движење веднаш после претходното движење за да се предизвика забрзување на предметот. На пример, при фрлање на предмет се врши исчекор напред и се ротира карлицата, а потоа се ротира и трупот, па како што се фрла така раката оди нанапред, се испружува и ротира навнатре, и тоа се во секвенца (низа). Оваа низа на движења се нарекува отворен кинематички синџир на движењата.

            Постојат два основни елементи на отворениот кинематички синџир на движењата. Прво, постои оптимална секвенца (низа) на движењата. Подеднакво важно е правовременоста на движењата во секвенците (низите) На пример, познато е дека со правењето чекор напред пред фрлање ќе се зголеми количината на извршената работа, но чекорот мора да се направи пред да се фрли топчето со цел да се искористат придобивките од зголемувањето на растојанието на чекорот. Може сте набљудувале некои лица – особено деца – додека учат да фрлаат, но тие праваат грешка со тоа што немаат правовременост при што фрлањето и чекорот го изведуваат истовремено. Всушност, почетниците често се користат со поединечни акции или движења при изведувањето на моторните вештини. Како тие продолжуваат да ги усовршуваат овие вештини, тие почнуваат овие поединечни движења да ги поврзаат заедно и правовремено и како резултат на тоа тие ќе стануваат повешти во движењата.



АПСОРПЦИЈА НА СИЛА

 

 

          Дали некогаш сте доскокнале а притоа да не сте ги свиткале колената? Ако сте направиле така, тогаш го разберате концептот на акција – реакција од прва рака: земјата веднаш ја враќа силата на вашиот доскок назад кон вас. Очигледно, вие не сакате да доскокнете на овој начин секој пат кога ќе скокнете, зошто можете да се повредите. За да се намали влијанието сударот од доскокот, едноставно ги свиткувате колената. Со свиткување на колената се зголемува времето и растојанието на доскокот. Ова не носи до следиот принцип на движење кој е поврзан со апсорпцијата на сила. Едноставно кажано, за да се намали влијанието на силата на реакција, ќе мора или да се зголеми количината на временскиот интервал на допир со подлогата или да се зголеми површина врз која се врши доскокот. Можете да набљудувате лица кои го употребуваат овој принцип во најразлични моторни активности со цел да ја намалат силата на судар. Кога фаќа топче, играчот во софтбол ги испружува неговите раце пред телото, а ова ќе му помогне да се апсорбира силата на брзо фрлената топка.

            Гимнастичарите се многу вешти во доскоците па затоа ги свиткуваат колкови, колена и глуждовите колку што е можно повеќе. Џудистите го зголемуваат просторот и времето на нивното паѓање, тркалајќи се од рацете кон грбот. Јасно е дека со користење на овој принцип на движење е важно да се спречат повредите при обидот да се постигне максимално успешна изведба (слика 8).

 

 

 

 

 

 

 

 


Слика 8



СТАБИЛНОСТ И РАМНОТЕЖА

 

 

            Исто така подеднакво важни се и принципите на стабилност. Поголемиот дел од луѓето имаат потешкотии со оптимизација на нивните движења поради нестабилната позиција. Тоа е така бидејќи стабилноста и рамнотежата се основни елементи на многу спортски и физички активности. Некои активности, како што е кревање тегови и голф бараат максимална стабилност. Во други, како што е џудо и борење, спортистите се обидуваат да ја задржат стабилност, која е нарушена од страна на нивните противници. Сепак другите активности како што се гимнастика или лизгање на мраз од спортистите бараат да се одржи рамнотежата во релативно нестабилна позиција. Врз основа на претходните примери, можеме да видиме дека стабилноста и рамнотежата не се сосем исти концепти. Стабилен предмет или спортист е оној што се спротивставува на движењето. Секако дека би имале потешкотии да превртиме голема и широка кутија бидејќи таа е многу стабилна. Балансирањето од друга страна пак, се однесува на способноста еден објект или личност да ја одржи рамнотежата. Ако можете да стоите на една нога со затворени очи вие сте изложени на поголема рамнотежа во нестабилни услови.

            Во повеќето случаи, зголемувањето на стабилноста обезбедува рамнотежа; сепак, одржувањето на рамнотежата не ја гарантира стабилноста. Всушност, човек може да нема за цел стбилност бидејќи тоа ќе је закочи мобилноста. Човек лесно може да стане постабилен со зголемување на големината на потпорната површина. Тој тоа може да го постигне со ширење на нозете кога стои или со ширење на рацете кога прави стој на раце. Понатаму, човекот може да ја зголеми својата стабилност со спуштање на центарот на гравитација ниско и внатре во рамките на потпроната површина. Во примерот кога се стои на раце, човекот мора да ги задржи своите нозе директно над трупот за да одржи оптимална стабилност или во спротивно тие ќе паднат.

Во голем број активности, максималната ефикасност во вештината бара од изведувачот да ја минимизира стабилноста за да ја зголеми мобилноста. Во локомоторните вештини, човекот моментално ја жртвува стабилноста (моментот кога двете стапала се на подлогата), за да се движи во наизменично губење и воспоставување на рамнотежата (моментот кога едната нога е на подлогата). Тежината на телото се поместува напред, пред потпорната површина, така што човекот ги движи нозете напред за повторно да воспостави рамнотежата. Сликата покажува примери со различни степени на стабилност и рамнотежа. На слика 9а спортистот е многу стабилен, со голема потпорна површина и низок центар на гравитација. Па затоа ќе биде потешко да го поместиме. На слика 9б спортистот има помала стабилност, но поголема мобилност. На слика е покажан спортист со голема рамнотежа во прилично нестабилна положба.














Слика 9

          
          
Малите деца, луѓето со посебни потреби, постарите лица и луѓето кои учат нови вештини често се обидуваат да ја подобрат нивната рамнотежа со зголемување на нивната стабилност. Тие во локомоторните задачи ја зголемуваат нивната потпорна површина со што ќе ги поставуваат нивните стапала широко или со отворени прсти. Тие го држат центар на гравитација во рамките на потпорната површина, со избегнување пренагласена ротација на телото или ногата кога се во движење. Во манипулативните вештини како што е фаќањето, тие исто така ја зголемуваат нивната потпорна површина и центарот на гравитација го поставуваат пониско. Во многу случаи, ако таквите луѓе имаат поголема мускулна контрола, поголемо искуство, соодветен тренинг или самодоверба, тие ќе ја намалат својата потпорна површина а со тоа ќе ја зголемат мобилноста и нивната способност да се движат побрзо.

  
 

КОРИСТЕЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ДВИЖЕЊЕ И СТАБИЛНОСТ ЗА ДА СЕ ОТКРИЈАТ И КОРЕГИРААТ ГРЕШКИТЕ ВО ИЗВЕДБАТА

 

           Откако ќе се разберат принципите кои го сочинуваат човечкото движење, тие можат да се искористат за да се препознаат и да се корегираат механичките грешки во техниката на човекот. Како прво, количината на информации може да изгледа огромна. Сепак, Carr (1997) има предложено едноставен систематски процес од пет чекори за да се набљудува и анализира изведбата на вештината. Овој процес од пет чекори ни овозможува со директен метод да се забележи и да се помагне во механиката на човекот.

Чекор 1: Набљудувајте ја целата вештина. Иако ова изгледа  очигледно, сепак изненадувачки е колку често наставници или тренери почетниви се ставааат себеси во позиција кога тие не можат да ги видат комплетно движењето на еден човек. Клучот е планирањето пред изведбата на вештината. Постојат неколку работи што треба да се имаат на ум. Ако може да се види изведбата еднаш или два пати фокусирајте се само на неколку елементи. Снимете ја изведбата за понатамошна анализа. Бидете сигурни дека лицето е добро загреано пред движењата и истите да ги изведе во природни услови. Исто така, секогаш треба да се осигура безбедноста на лицето и на другите кои можат да се најдат во негова близина.

Чекор 2: Анализирајте ја секоја фаза и нејзините клучни елементи. Овде треба да се имаат предвид специфичните фази на вештината и нејзините клучни елементи. Пред изведување на движењето, вештината се дели на фази. На пример, при фрлање на топче преку рамо поделбата би можела да биде подготвителен замав, генерирање на сила и продолжен замав. Понатаму, погледнете ја извебата на човекот во овие фази.. Carr укажува на два начини како да се направиме тоа. Еден начин е да се започне со целта и да се работи наназад. Ако човек се обидува да го сервира топчето во тенис преку мрежат но сепак продолжува да ја погодува мрежата, вие треба да се концентрирате на движењето на рекетот кога е во контакт со топчето. Работата се враќа назад до точката која идентификува кој дел од изведбата може да не доведе до резултатот. Алтернативно, можете да почнете со гледање на движењето од почеток до крај. Погледнете ја подготивителната положба, рамнотежата и промената на тежината пред движењето, а потоа следи и секоја фаза од вештината.

Чекор 3: Користете го вашето знаење од механиката во вашата анализа. Сигурно сте научиле доста за механиката, сега е вистинско времето тоа да се искористи. Набљудувачите мора да се фокусираат на тоа како човекот генерира мускулна сила за да создаде движење. Carr предложува серија на прашања за водење на оваа анализа.

·        Дали тој што се движи има оптимална стабилност кога манифестира или прима одредена сила?

·        Дали тој што се движи ги користи сите мускули кои можат да имаат придонес во вештината?

·        Дали тој што се движи манифестира сила со мускулите во правилен редослед?

·        Дали тој што се движи ја манифестира потребната количина на сила во текот на соодветен временски период?

·        Дали тој што се движи ја манифестира силата во правилна насока?

·        Дали тој што се движи правилно манифестира вртлив момент и пренесување на моментумот?

·        Дали тој што се движи манипулира правилно со линеарната или ротационата инерција?

Користете ги овие прашања за да ја процените изведбата во вештината. Запомнете, вие не го одредувате правилниот и неправилниот начинот на изведба на вештината, туку барате елементи во движење кои можат да бидат модифицирани со цел изведбата во вештината на биде поефикасна.

Чекор 4: Изберете грешки што треба да се корегираат. Многу почетници не се движат во еден механички ефикасен начин. Ова не е важно да се знае дали е добро или лошо – но важно е како човекот ќе ја изведе вештината. Вие како професор или тренер, можете да изберете одредени аспекти на движење кои човекот може да ги усоврши за да биде поуспешен во неговата вештина. Имајте на ум дека постојат многу начини преку кои луѓето можат успешно да ја изведат вештината. Сепак, подобрување на механиката во неколку фази од вештината ни овозможува подобрување на изведбата. Фокусирање на големите грешки – изведбата која недостасува во чекорот 3 и да се игнорираат малите проблеми. Секогаш работете на еден аспект од изведбата. Во многу случаи, подобрувањето во една област ќе доведе до подобрување и во други области.

Чекор 5: Одлучувајте за соодветните методи за корекција на грешките. Различни професори и тренери имаат различни идеи или методи за тоа како да се предаваат или тренираат моторните вештини. Најдобро е да се земе час или да се присуствува во тренерско училиште за да може да се научат многу различни и специфични активности на наставните методи. Без оглед која метода ќе се употребува, еве неколку идеи што треба да се имаат предвид. Прво и основно, имајте ја на ум безбедноста кога се обидувате да ги корегирате грешките. Високо комплексните способности или вештините кои вклучуваат фаза на лет можат да бидат опасни за изведувачите доколку тие не обрнуваат посебно внимание во вештината и не се обидат да ги поправат нивните грешки. Следно, комуникација со вашите ученици на разбирлив јазик а не со механички изрази. Разгледајте колку време имате со учениците за да ги корегирате грешките, затоа што ова ќе го диктира бројот на грешките што вие ќе се обидете да ги корегирате. И конечно, користете други извори, како што се учебници, интернет, за да си помогнете себеси во пронаоѓање на нови и иновативни начини да ги научите движечките вештини.

 


ЗАКЛУЧОК
 

Постојат одредени механични принципи кои што диктираат како луѓето ќе реагираат во склоп на опкружувањето при извршување на задачата. Овие принципи ги вклучуваат Њутн-овите закони на инерција, забрзување, и акција-реакција, како и поврзаноста базирана на овие закони кои го проучуваат манифестирањето и апсорпцијата на сила, отворениот кинетички синџир, стабилноста и рамнотежата. Овие принципи ги дефинираат врските кои диктираат на каков начин ќе се движиме.

Со текот на времето, луѓатп ќе стекнат знаење од сите овие принципи и ќе ги контролираат одредените фактори што ќе им овозможат да ги извршуваат овие вештини поефикасно. Квалитетните промени во моторните манифестации кои ќе се појават во текот на детството ќе влијаат врз промените во интеракцијата помеѓу повозрасното дете и околината. Напредокот на децата, почетниците, или на тие што повторно ќе ги научат овие вештини се карактеризира со нивниот избор на шаблони на движење кои значително ќе го оптимизираат резултатот од движењето во согласност со принципите на движење и стабилност. Главните механични принципи кои се вклучени во ефикасно, вешто движење вклучуваат примена и апсорпција на сила, акција и реакција, линеарна и ротациона брзина, секвенционално правовремени движења и стабилност и рамнотежа. Познавањето на овие принципи ни овозможува да се изврши генерализизација преку различни базични или основни вештини. Ние не треба да приоѓаме на развојните промени во секоја од основните вештини како комплетно нова студија, бидејќи некои аспекти на промените во другите вештини се преклопуваат, особено во рамките на категориите на локомоција, балистика, примање и во вештините во кои се бара рамнотежа.

 

ЛИТЕРАТУРА
 

Ackland, T.R., Elliott, B.C, Bloomfield, E. (2009). Applied anatomy and biomechanics in sport - 2nd Edition. Champaign, IL: Human Kinetics.
Knudson V. D., Morrison S. C. (2002). Qualitative analysis of human movement, second edition, Champaign, IL: Human Kinetic.
Kreighbaum, E., & Barthels, K. (1996). Biomechanics: A qualitative approach for studying human movement (4th ed.). Boston: Allyn and Bacon.
McGinnis, P.M. (1999).
Biomechanics of sport and exercise. Champaign, IL: Human Kinetic
Туфекчиевски, А., Ацески, А. (2009). Биомеханика. Второ проширено и дополнето издание. Факултет за физичка култура. Скопје.
Hall, S. (1999). Basic biomechanics (3rd ed.). Burr Ridge, IL: WCB McGraw-Hill.
Carr, G. (1997).
Mechanics of sport. Champaign, IL: Human Kinetics.