МОДЕЛИ ЗА РАЗВОЈ НА ТЕНИСЕРИ ВО ХРВАТСКА, СЛОВЕНИЈА, БЕЛГИЈА И ФРАНЦИЈА

        

 


Драган Думевски
Бр. Индекс 6029

 
Златко Диманоски

  

 

 

            Вовед

„Потребни се 8-12 години за еден тенисер да достигне ниво за врвни професионални натпревари. Ова е таканаречено десетгодишно правило или правило на 10,000 саати“.[1]

Ова е едно од најраспространетите и најприфатени правила во светот на тенисот, врз основа на кое се базира планирањето и програмирањето на тренинг на идните професионални тенисери, а воедно претставува мото на голем број на светски познати тениски академии и федерации од кои секоја година излегуваат врвни тенисери.

Меѓутоа, главниот проблем и фактор за успех или неуспех во тенисот не е подготвеноста во текот на тренажниот процес да се изработат 10,000 саати, тоа би било многу едноставно и лесно. Главниот фактор кој е предуслов за успех е пред се правилната селекција на деца кои би се вклучиле во тренажниот процес, а потоа правилното менаџирање односно планирање на сите аспекти на тренингот врз основа на возраста и сензитивните фази во кои е неопходно да се совладаат основните и специфичните  моторички вештини, за да може во текот на целата кариера константно да се надоградува и да го достигне врвот на можностите која е и крајна цел на тренингот. 

Тоа  би значело дека од самиот старт на тениската кариера на едно дете треба да се има јасна претстава во врска со неговиот развој на технички, тактички, физички и ментален план, и доколку се сака тоа дете да порасне во врвен тенисер, треба да се следи и да се настојува да се достигнат развојните норми поставени на светско ниво, а не императив да бидат само постигнатите резултати на домашно ниво кои најчесто се апсолутно ирелевантни .

 

 Менаџирањето на развојот на тенисерите преку поставување на точни критериуми и цели кои играчот треба да ги достигне во различна возраст од неговата кариера, е еден од најбитните фактори кои влијаат во правилното водење на кариерата на еден спортист и овозможуваат достигнување на врвот на неговите можности.

Од прегледот на литературата за состојбата поврзана со оваа тема, може да се исткне дека нема тениска федерација или научна институција во нашето опкружување  која се нема бавено со оваа проблематика и која не воспоставила критериуми за развој на тенисерите кои се базираат врз основа на светските модели прилагодени на спецификите на поединечните држави.

Единствени тениски федерации во регионов кои немаат поставено свои нормативи во оваа област се Македонската и Албанската тениска федерација.

Исто така анализираќи ја светската ранг листа на професионални тенисери и тенисерки воочливо е дека токму тенисерите на овие две држави најслабо котираат во однос на тенисерит од регионот кои се во самиот светски врв.

Веројатно аматерскиот пристап во тренажниот процес без соодветно планирање и менаџирање на истиот во кој не се вклучени експери од областа на спортот и немањето на научни истражувања од ваков вид кои ќе им бидат патоказ на тренерите и играчите во врска со планирањето на тренажниот процес и натпреварите се една од главните причини за неуспех.

 

 

        Модели за развој на тенисерите

Со оглед на важноста на проблематиката која е третирана во текстот, доста автори на светско ниво пишувале на оваа тема а исто така и доста автори од нашите простори.  Интересно е дека ниту еден автор од Р.Македонија  институција или федерација не се обидел да ја истражува оваа проблематика, а со тоа и да постави некои норми за менаџирање на развојот на тенисерите.

Големите и успешни тениски федерации многу сериозно се занимавале со оваа проблематика. Подолу се наведени некои од нив:


Хрватска Тениска Федерација

Развојот на тенисерот во Хрватска е поставен преку 9 таканаречени чекори кои секој играч треба да ги помине во својата кариера како развојни фази:

1.    Погодување на топчето

2.    Размена на удари со друг играч

3.    Игра на цел терен и игра на поени

4.    Контрола на топчето во просторот : длабочина, правец

5.    Брзина на ударот

6.    Професионален пристап кон тренингот

7.    Избор на сопствен стил на игра

8.    Контрола на емоции

9.    Контрола на мечот

Тренерот и играчот секојдневно работат за да дојдат во ситуација играчот да го направи чекорот во следното ниво секое каснење во чекорите значи и каснење во тенискиот развој.[2]

 

 

Словенска тениска федерација

Словенецот Проф. д-р.Алеш Филипчич направил едно интересно истражување во врска со патот кон успехот на врвните тенисери.

Тој под успех подразбира успех во апсолутна конкуренција. Сите останати резултати се само станици на тој пат.

За успех во тенисот според Проф.д-р. Филипчич  треба:

1.Талент (лица со високи психофизички потенцијали)

2. Семејство (поддршка на спортистот)

3.Услови за тренинг (клуб,центар,тренери)

4. Пари ( голем финансиски влог на семејството,спонзор, федерација)

5.Среќа

 

 

Белгиска тениска федерација

Белгискиот модел се базира на комплетна контрола на развојот на играчите од страна на Националниот тренинг центар односно од Белгиската тениска федерација.

·         Национален тренинг центар: неделни кампови, месечни подготовки, убедување на играчите да дојдат во кампот

·         Националниот тренинг центар врши селекција врз основа на три чекори:

1. Чекор - регионални тренинзи и важни натпревари

2. Чекор - различни тестирања, анализа на тренинг и важни натпревари

3. Чекор - анализа на тренинг, кампови и  турнири

·        
    Ран
програм и училишен тенис

- возраст 10 -12 години, се селектираат само најдобрите и најталентирани, 100% од тренингот го организира центарот, планирање на турнири U12 и U14

·        
   
Јуниорски тенис

- возраст од 14 до 18 години, мора да има потенцијал да стане професионален играч,100% од тренингот и изборот на турнири ги организира центарот

·        
   
Професионален тенис

- целта е да се дојде најмалку до 100 место на АТП/ВТА листата[3]

 
 

    Француска Тениска Федерација

        Пример на пирамида на селекција:

o   Државен центар од федерација селектира 12 играчи

o   Центар Роланд Гаррос -10 професионални играчи и 20 играчи од 16 до 23 год во женска конкуренција и од 19 до 23 во машка конкуренција.

o   5 регионални центри со 65 играчи и тоа од 12 до 16 год во женска конкуренција и 13 до 18 год во машка конкуренција

o   Клубови- 3000 играчи од 10 до 13 години кои сојузот ги поддржува со буџет од  400.000 еур годишно

o   Комплетниот систем на селекција го прават тренери од различни региони кои ги избира националната федерација

o   Критериумите на селекција исто така ги прави националната федерација.

Францускиот модел е еден од најуспешните, а можеби  и најуспешен на светско ниво, доказ за тоа се големиот број на тенисери во први 100 на АТП/ВТА листата со што Франција секако се вбројува во најуспешните тениски нации.[4]

 
 

И за крај најбитно: ПРАВ ПАТ И УРГЕНТНО (стратегија за развој), што значи да се направи вистински чекор во вистински момент.

Исто така треба да се напомене дека ниту еден од овие модели кои се научно издржани и практично потврдени како многу успешни не значи и дека се единствениот пат кон успехот.


    Постојат повеќе начини да се стигне до успехот Алеш Филипчич ги поделил на  3 групи и тоа:

1.   1. Чудесни деца:Моника Селеш, Мартина Хингис, Борис Бекер, Андре Агаси, Рафаел Надал.

Карактеристики: успешни во младински категории, порано созреани од другите, добри услови за тренинг.

2.    2. Нормално развиени: Линдзи Девенпорт, Јана Новотна, Пит Сампрас, Карлос Моја и др.

Карактеристики: одлични резултати во младински категории, брз скок во сениорска конкуренција, добри услови за тренинг.

3.    3. Закаснет развој: Јонас Бјоркман, Тим Хенман, Грега Землја.

Карактеристики: просечни во младински категории, постепен раст и влез во сениорска конкуренција после 20 години.[5]

 

 

          Заклучок

Менаџирањето на развојот на тенисерите преку поставување на точни критериуми и цели кои играчот треба да ги достигне во различна возраст од неговата кариера, е еден од најбитните фактори кои влијаат во правилното водење на кариерата на еден спортист и овозможуваат достигнување на врвот на неговите можности. Најважно за Република Македонија е што поскоро да направи стратегија за развој на тенисот, која ќе ги земе предвид и искуствата на соседните и подалечните земји, меѓутоа, во истата задолжително да бидат инкорпорани сите кадровски, материјални, инфраструктурни и други ресурси со кои располага нашата земја.  

 

 

 

         Литература

·      1. Ериксон, (1996);ITF Tennis Coach Manual

·      2.Zmajic,H. (2002). Razvoj u skokovima.Otocec, 7 Trenersaka konferencija                     

·      3.Акен,1997                                                                                                                               

·      4.Projekt Cucle Management nandbook. (2004). European Commission, Bruxeles

·      5.Filipcic, A. (2002).Tenis-trenirnje. Ljubljana. Fakultet za sport