ФРЕНКЛИНОВА МЕТОДА

        

 


Ивана Вукадинова
Бр. Индекс 5000

  

Вовед

Френклиновиот метод  претставува уникатен метод на синтеза од имагинација, движење и искуствена анатомија. Тој овозможува драматичен напредок во подобрување на физичката благосостојба и е единствен метод на физички тренинг во светот што користи систематска имагинација.

Преку познавање на структурата и функцијата на овој метод во исто време ја продлабочуваме свеста и перцепцијата на сопственото тело.

Овој метод се користи од страна на спортисти, танчери и луѓе кои сакаат да останат здрави така што без оглед на нивното знаење и возраст Френклиновиот метод може да се кристи  било кога и било каде.


Што ни е потребно од опрема и како се работи
?

Удобни обувки  и чорапи, боси нозе без патики. Вежбањето се одвива на топки и еластични ленти вклопено со музички дел.

Френклиновиот метод  работи преку настапи и допирања со помош на техники. Овој метод му помага на телото да функционира правилно, така што ги вклучува сите сетила  како и човековата имагинација, без оглед на возраста, фитнес нивото и искуството, па може да се  користи во секое време и секаде.

На научна основа имагинацијата никогаш не била толку силна па така се повеќе истражувања покажуваат дека со човекот во подобра физичка форма  и со користење на имагинацијата влијае кон подобрување  на здравјето и станува поотпорен кон многу болести.Со имагинацијата човекот може да развие многу по позитивен животен став.


Зошто Френклиновиот метод треба да е присутен помеѓу спортисти?

Преку овој метод  се прави фокусирање на сите аспекти од употребата на имагинацијата. Фокусираат на учење преку искуството на имагинацијата, имагинација - клуч за вештините на умот и телото, така што ќе се доживее придобивката на односот помеѓу духот и телото.

 
Искуствена анатомија 

Револуционерниот аспект на пристап кон анатомијата на Френклиновиот метод врз основа на еволуцијата, промените и предизвиците со кои телото се справува и  решенија кои се развиваат преку овој метод, ги претставува принципите на биомеханиката.


Воспоставување на оптимален модел на движење

Нашето тело е создадено за да се  движи, а движењето е еликсир на животот. Таму каде што имаме недостаток од движење или имаме стагнација се јавува одреден  дизбаланс. Затоа Френклиновиот метод прави движењето да варира од ден на ден со разни активности , одење, седење, динамични истегнувања, користење на Френклинови топки, танц, ритам и импровизација стимулираат живот во телото.


Истории или приказни како помогнал Френклиновиот метод

Мабел Тод во младоста доживеал повреда на грбот, која направила таа да има многу ограничени можности за движење, но таа никако немозел да ја прифати дијагнозата и затоа почнала со користење на Френклиновата метода која и донела доста позитивни ефекти врз нејзиното здравје. Но тој започнал ова искуство да им го пренесува и на останатите луѓе низ светот кои  имале сличен или ист проблем како нејзиниот. Врз основа на позитивното  искуство и знаење, стигнала во Бостон за да ги научи луѓето кои имаат потешкотии во движењето и држењето на телото. Заради тоа нејзиниот метод е наречен – структурна хигиена. Ученик на Мабел Тод, Андре Бернард кој предава на Универзитет во Њу Јорк ја создал идеокинезата. Овој термин доага од грчкиот збор идео - идеја и кинесис - движење, каде што преку настапи, впечатоци кои ги опфаќаат сите сетила идеокинезата ја зголемува перцепцијата на движење на телото, а телото има подобро движење, флексибилност и координација. Основа за развој на точни и прецизни настапи нудат и биомеханиката и анатомијата. Специфични анатомски настапи се богати со фанатзија и имагинативни слики. Френклин открива идекинезички метод за подобрување на внатрешната организација кон движењето на телото, со тоа донесуваат повеќе динамика, леснотија и радост кон животот. Лидерот на овој метод е Катра Кодел психолог и во младоста активна спортистка. Нејзиниот живот го посветила на танцот и проучување на анатомијата и биомеханиката. Се здобила со право на обука на наставници за движење по Френклинов метод.


Литература

 http://franklinmethod.com/products/books