|
ЕНЕРГЕТСКА ПОТРОШУВАЧКА
|
|
Производство на енергија
Енергијата е есенцијална за сите облици на живот. Потребите за енергија се константни, дури и за време на одмор и спиење (базален метаболизам). Кога се работи за човечки организам, посебно за некој многу физички активен, енергијата се дефинира како способност за вршење некоја работа.
Во надворешната средина постојат разни облици на енергија, но во човечките клетки, енергијата внесена преку храна составена од јаглени хидрати, протеини и масти мора да биде конвертирана во облик кој може да се употребува.
Аденозин-трифосфат (АТP) е соединение кое во својот состав содржи високоенергетски фосфатни врски. Хемиската енергија од оваа врска дирекно се претвора во механичка. Концентрацијата на АТP во клетките е многу мала и постојано се троши, па затоа е потребно процесите на разградување на хранливите материи да се одвиваат континуирано.
Целокупниот механизам и енергетика на мускулната активност се заоснова на разградување и обновување на АТP. Во мускулните клетки постојат три метаболички процеси на создавање аденозин-трифосфат:
I Фосфагенски; II Лактациден (гликолиза); III Аеробен (оксидативен);
Брзината и капацитетот на создадената енергија се основните разлики кои условиле ваква поделба. Основните карактеристики на физичката работа: интензитет, траењето и карактерот условуваат доминација за еден од овие процеси. Првите два се се одвиваат во анаеробни услови (без присуство на кислород), а третиот е аеробен (во присуство на кислород).
Во реални услови на спортски тренинг сите три системи учествуваат во
продукцијата на енергија, при што интензитетот на работа ја условува
доминацијата на еден. Така, при работа со висок интензитет првенствено се
вклучуваат брзи механизми, додека при работа со среден или низок интензитет,
доминира оксидативниот процес.
Значењето на исхраната за енергетскиот метаболизам
Исхраната е важен фактор за способноста при вежбањето; затоа спортистите мора да се придржуваат кон врамнотежена исхрана богата со јаглени хидрати (основен продукт за добивање енергија) кои ќе обезбедат внес на доволна количина хранливи материи потребни за вежбање.
Човековото тело, храната што ја консумира ја претвора во енергија. Количината на енергија обезбедена од храна обично се мери во калории или килоџули.
Различни видови на храна содржат различни количини на енергија. Мастите и алкохолот содржат релативно висока количина на енергија (односно 9 калории на грам - масти и 7 калории во еден грам алкохол) во споредба со јаглените хидрати (3,75 калории по грам) и протеините (4 калории на грам). Така што количината на потрошената енергија не зависи само од количината на храната што се консумира, туку и од видот на храната.
Потрошувачката на енергија мора да се земе во предвид кога се планира спортската исхрана. Спортистите, особено оние кои тренираат издржливост, често имаат потешкотии да внесат доволно хранливи материи и јаглени хидрати да ги задоволат високите метаболички потреби за тренирање.
Енергетска
потрошувачка
Енергијата произведена од храната во човечкото тело се користи за одржување на основните функции на телото (клеточен раст и ресинтеза; дишење; транспорт на крв) и вршење физички задачи како што се работа, вежбање, рекреативни активности и сл. На телото му треба голема количина на енергија само за да ги извршува своите основни функции. Со зголемување на физичката активност се зголемува и енергетската потрошувачка.
Врз енергетската потрошувачка влијаат многу фактори како што е видот на физичката активност, интензитетот на вежбање, механичката ефикасност (техниката на вежбачот), како и факторите на животната средина: температурата, брзината и насоката на ветерот, косината на теренот...
Механичка ефикасност претставува енергетско трошење со цел да се произведе одредена количина на мускулна работа. Поединци се разликуваат според својата механичка ефикасност и енергетската потрошувачка за вежбање со одредено темпо т.е. механички поефикасните лица користат помалку енергија за вежбање со исто темпо од механички помалку ефикасните.
1.3.
Енергетска потрошувашка кај одредени физички активности
Одење
Други активности
|
МЕТ[1] |
Енергетска потрошувачка
(калории) |
Енергетска потрошувачка
(калории) |
Свирење хармоника |
1.8 |
66 |
54 |
Флејта |
2.0 |
74 |
60 |
Јавање |
2.3 |
85 |
69 |
Чело |
2.3 |
85 |
69 |
Пиано |
2.3 |
85 |
69 |
Билјард |
2.4 |
88 |
72 |
Кајакарење (бавно) |
2.5 |
92 |
75 |
Голф (со количка) |
2.5 |
92 |
75 |
Виолина |
2.5 |
92 |
75 |
Одење (2 км/час) |
2.5 |
92 |
75 |
Танцување (во сала) |
2.9 |
107 |
87 |
Одбојка |
2.9 |
107 |
87 |
|
|
||
Одење(3 км/час) |
3.3 |
121 |
99 |
Велосипедизам |
3.5 |
129 |
105 |
Калестеника (без тежини) |
4.0 |
147 |
120 |
Голф (без количка) |
4.4 |
162 |
132 |
Пливање (бавно) |
4.5 |
165 |
135 |
Одење (4 км/час) |
4.5 |
165 |
135 |
|
|
||
Сечење дрва |
4.9 |
180 |
147 |
Тенис (парови) |
5.0 |
184 |
150 |
Танцување (брзо) |
5.5 |
202 |
165 |
Уметничко лизгање |
5.5 |
202 |
165 |
Велосипедизам (умерено) |
5.7 |
209 |
171 |
Танцување (аеробик или балет) |
6.0 |
221 |
180 |
Сурфање |
6.0 |
221 |
180 |
Возење ролери |
6.5 |
239 |
195 |
Скијање |
6.8 |
250 |
203 |
Планинарење (без товар) |
6.9 |
254 |
206 |
Пливање |
7.0 |
257 |
209 |
Планинарење (5 кг товар) |
7.4 |
272 |
221 |
Одење(5 км/час) |
8.0 |
294 |
239 |
Џогирање (10 мин ) |
10.2 |
375 |
305 |
Скокање јаже |
12.0 |
441 |
359 |
Сквош |
12.1 |
445 |
362 |
[1] Метаболички еквивалент (MЕТ) е мерка за интензитетот на физичка активност базиран врз основа на стапката на потрошувачка на кислород, во текот на изведбата на активноста. Количината на кислород што се внесува е поврзана со бројот на потрошени калории.
Нутриенти |
При одмор |
Лесен до умерен интензитет на вежбање |
Вежби за издржливост со висок интензитет |
Високо интензивни спринтерски вежби |
Протеини |
2-5% |
2-5% |
5-8% |
2% |
Јаглени хидрати |
35% |
40% |
70% |
95% |
Масти |
60% |
55% |
15% |
3% |
ЛИТЕРАТУРА
Abernethy, A.B. Hanrahan, S.J. Kippers, V., Mackinnon, L.T & Pandy,M.G. (2005). The biophysical foundations of human movement. 2nd Ed. Champaign, IL, USA: Human Kinetics.
Nikić, M.Đ. (2002). Ishrana sportista. Todra, Beograd.
http://www.brianmac.co.uk/energyexp.htm