На 30.11.2008 г. (недела), во рамките на последипломските студии започна да функционира “Научен Клуб“ чија цел е активно учество на експерти од области поврзани со физичкото образование, спортот и здравјето. Во научниот клуб можат да учествуваат сите заинтересирани лица од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (професори, соработници, студенти) како и други заинтересирани од лица од нашата земја и од странство.
Се надеваме дека овој научен клуб ќе прерасне во традиција и во неговата работа ќе земат учество истакнати лица на актуелни теми од нашата област.

Отворање на научниот клуб од страна на Продеканот за настава проф. д-р Жарко Костовски, Раководителот на последипломски студии проф. д-р Александар Туфекчиевски и Секретарот на последипломски студии проф. д-р Илија Клинчаров.

На првиот научен клуб активно учество со свои предавања имаа:

Тема: Генетика и спорт
проф. д-р Зоран Т. Поповски
- Лабораторија за биохемија, молекуларна биологија и ГМО - Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје


Презентацијата од предавањето - овде

Тема: Финансии и спорт
проф. д-р Снежана Костадиноска - Милошеска
Државен секретар во Министерството за
финансии, Економски институт - Скопје


Презентацијата од предавањето - овде

Тема: Комуникации и спорт
проф. д-р Златко Жоглев - Ректор на универзитетот “Св. Климент Охридски“ - Битола


Презентацијата од предавањето - овде