„Малкумина се оние кои можат да ги поднесат сопствените мани кај другите“ - Барух Спиноза |
„Кога чеканот е единствениот алат што го иматe, тогаш секој проблем почнува да наликува на шајка“ - Абрахам Маслоу |
„Самодисциплината е една од највисоките форми на љубов кон себе“ - Скот Пек. |
„Будалата трча по задоволствата во животот и сфаќа дека е измамен. Мудриот ги избегнува неволјите“ - Артур Шопенхауер |
„Образованието е скапо, а незнаењето е уште поскапо“ - Клаус Мосер |
„Мудриот човек слуша еден збор, а разбира два“ - еврејска мудрост |
"Умот е како подабранот, функционира само кога е отворен" - Аберт Ајнштајн |
"Подобро да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек" - Михаил Литвак |
"Преживуваме од она што го добиваме, а живееме од она што го даваме" - Черчил |
"Тајната на успехот во животот не е во тоа човек да работи она што го сака, туку да го сака она што го работи" - Черчил |
"Не е силен оној кој има многу, туку оној што може без многу" |
"Не заборавај ги своите неуспеси во мигот на успехот" |
"Птиците родени во кафез, мислат дека летањето е болест" |
"За да ги оствариш соништата, прво треба да се разбудиш" |
"Убавината без шарм е како јадица без мамка" - Емерсон. |
"Некои предизвикуваат радост каде и да одат, а некои кога и да си одат" - Оскар Вајлд. |
"Луѓето се како очите, гледаат се освен себе" - Иво Андриќ. |
"Големи се мудроста и силата на човекот кој умее да премолчи и тогаш кога е во право" |
"Не барајте сродна душа ако немате своја" |
"Не плаши се од бавно чекорење, туку од стоење во место" - Кинеска поговорка. |
"Каква тишина би настанала ако луѓето го зборуваат само тоа што го знаат" - Чапек. |
"Ако секогаш зборуваш вистина, нкогаш не мора да памтиш што зборуваш" |
"Повеќе пати повторување на иста грешка, не е грешка, туку е одлука" |
"Лифт за успехот не постои, затоа мора да ги користиме скалите" |
"Карактерот е како мирисот, туѓиот ни смета а својот не го осеќаме" |
"Ако при секоја пријателска услуга помислуваш на заблагодарување, тогаш не си подарил туку си продал" - Достоевски. |
"Образованието е процес на живот, а не подготовка за иден начин на живот" - Џон Дуи. |
"Никој не е потполно образуван, се додека не научи да молчи" - Хорацие. |
"Малку знаење го прави човек горделив, а многу знаење го прави скромен" - Гете. |
"Силата не доаѓа од физичкиот капацитет, туку од непобедливата волја" - Махатма Ганди. |
"Се што не иритира кај другите, може да не доведе да се разбереме себеси" - К. Г. Јунг. |
"Прво треба да го научите детето да зборува, а потоа да молчи" - Херберт Прокноу. |
"Нема величина таму каде што нема едноставност, добрина и правда" - Толстој. |
"Ако можеш да гледаш на минатото без жал а на идната без страв, тогаш си на вистинскиот пат" |
"Кој сака да им направи добро на другите, веќе си направил добро на себеси" - Конфучие. |
"Колку помалку мислиме, толку повеќе зборуваме" |
"Не труди се да станеш успешен, туку човек со вредност" - Алберт Ајнштајн. |
"Господин е оној кој во срцето никогаш не престанал да биде дете". |
"Зборовите можат да лажат, но делата секогаш ќе ја кажат вистината" |
"Не му ја затворај устата на оној кој ти ги отвора очите" |
"Јазикот на љубовта е во очите" - Финеанс Флечер. |
"Просечниот учител кажува, добриот учител објаснува, подобриот учител демонстрира а најдобриот учител инспирира" |
"Во љубовта еден и еден се еден" - Жан Пол Сартр |
"Големите умови дискутираат за идеи; просечните умови дискутираат за настани; малите умови дискутираат за луѓе" - Еленор Рузвелт. |
"Надежта го гледа невидливото, го допира неопипливото и го остварува невозможното". |
"Многумина грешат од страв да не погрешат" - Лесинг. |
"Интелигенцијата без амбиција е птица без крилја" - Салвадор Дали. |
"Да знаеш многу работи не значи дека си мудар" - Хипократ. |
"Кога на земјата се би било разумно, ништо не би се случувало" - Достоевски. |
"Зборувајќи за другите,најмногу кажуваме за самите себе". |
"Кога ќе се сретнат женет и неженет човек, тие секогаш си завидуваат еден на друг". |
"Воздржувањето од искушението е вистинска мерка за карактерот". |
"На оној кој што знае да чека, времето му ги отвора вратите" - Народна поговорка. |
"Ако ја затворите вратата на сите мани и вистината ќе остане надвор" - Тагоре. |
"Во училиштето на животот нема распуст" - француска поговорка. |
"Кога сите мислат исто, значи дека никој не мисли доволно" - Lippmann. |
"Никогаш не е премногу доцна да бидеш тоа што си можел да бидеш" - Џорџ Елиот. |
"Не е срамота да паднеш, срамота е ако не станеш". |
"Животот е како возење велосипед, без застанување, за да не се загуби рамнотежа" - Алберт Ајнштајн. |
"Право на критикување има оној кој е подготвен да помогне" - Абрахам Линколн. |
"Подобро искрена шлаканица в лице, отколку лицемерен бакнеж" - Мориц Сафир. |
"Си го достигнал врвот на успехот тогаш кога повеќе нема да те интересираат парите, комплиментите или публицитетот" - Томас Волф. |
"Гениј е еден процент инспирација, а деведесет и девет проценти пот" - Едисон. |
"Успешни се оние кои паднале многупати, но повторно застанале на нозе" - Пам Браун. |
"Бракот е сличен на печурка, дали е добра или отровна забележуваш кога е веќе касно". |
"Бидете господар на својата волја а слуга на својата совест" - Аристотел. |
"Бидете благодарни на советите, а не на пофалбите" - La Fontain. |
"Паметниот човек забележува се, а глупавиот има на се по некоја замерка" - Хајнрих Хајне. |
"Кој сака да научи нешто ќе најде начин, а кој не сака ќе најде изговор" - Пабло Пикасо. |
"Како што железото 'рѓосува ако не се употребува, а водата се расипува и во зима замрзнува, така и човечката способност се уништува без вежбање" - Леонардо Да Винчи. |
"Кој знае дека не знае - најголем е, кој мисли дека знае - ограничен е, кој ја препознава својата ограниченост - нема граници" - Лао Це. |
"Не го прави никому она што не сакаш да ти го прават тебе" - Конфучие. |
"Најсигурен начин да не станеш многу несреќен е тој да не бараш да бидеш многу среќен" - Artur Schopenhauer. |
"Едноставноста е најголемо совршенство" - Леонардо Да Винчи. |
"Да бидеш свесен за своето незнаење е најголем чекор до сознанието" |
"Од возвишеното до смешното има само еден чекор" - Наполеон. |
"Храбростa не значи отсуство на страв, туку надминување на стравот" - Едуард Гибон. |
"Кога бев млад решив да се оженам со идеална жена, најпосле ја најдов, но таа бараше идеален маж" - Роберт Шуман. |
"Она што не привлекува кон една жена ретко не приврзува кон неа" - Џон Колинс. |
"Ако имаш глупав пријател, немаш потреба од непријатели" - Латинска поговорка. |
"Да се лутиш, значи да се казнуваш себеси за грешките на другите" - Цицерон. |
"Фантазијата е поважна од знаењето" - Алберт Ајнштајн. |