Д И Ј А Г Н О С Т И К А
ВО СПОРТОТ И ФИЗИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ
 

 

Тргнувајќи од фактот дека секој спортист, ученик, рекреативец, треба да има што подобра научна поддршка, која кај спортистот ќе придонесе за постигнување на високи спортски резултати, кај ученикот ќе овозможи правилен психофизички развој, а кај рекреативецот ќе обезбеди подобрување и/или одржување на физичките способности на потребното ниво, сакаме да Ви ја претставиме новата Лабораторија за дијагностика во спортот и физичките активности на Институтот за научно-истражувачка работа во спортот при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје од Скопје, која после долг период на подготовки кои вклучуваат набавка на современи инструменти и техничка опрема, обезбедување на просторни услови и сл., започна со работа.



 

 

 

Постигнувањето на спортски успеси не е случаен и едноставен процес, туку тоа е процес кој меѓудругото се базира на научно проверени и потврдени резултати. Моделот претставен на сликата е гаранција за успех и истиот успешно се применува од страна на најуспешните спортски земји.     


Што е дијагностика во спортот и физичките активности?


Дијагностиката во спортот и физичките активности е вообичаена практика која вклучува низа процедури и техники кои имаат за цел максимизирање на перфомансите, оптимизирање на спортската (физичката) форма и намалување на ризикот од повреди кај спортистите односно вежбачите.

Зошто дијагностика во спортот и физичките активности?

Затоа што преку резултатите добиени од дијагностиката, тренерот, спортистот, вежбачот имаат јасна слика за позитивните и негативните страни во перформансите, а тоа пак овозможува многу полесно да се одреди кои аспекти треба да се подобруваат а кои да се модифицираат за да се достигне максимумот.

Што опфаќа дијагностиката во спортот и физичките активности?

Дијагностиката во спортот и физичките активности опфаќа широк дијапазон на теренски и лабораториски тестирања и процедури со примена на софистицирана апаратура и најсовремени протоколи кои имаат за цел:

● Процена на моторичките способности ● Процена на функционалните способности ● Процена на психолошките карактеристики ● Процена на морфолошките карактеристики
● Процена на спортскиот талент ● Процена на нивото на спортската (физичка) форма ● Мониторирање на развојот на моторичките способности ● Мониторирање на развојот на спортската техника ● Мониторирање на ефикасноста на тренажниот процес ● Помош во избор на најадекватен спорт или физички активности ● Помош во планирање и програмирање на тренингот (физичките активности) ● Помош во селекција на талентирани спортисти базирана на современи и научно потврдени показатели ● Процена на нутритивниот статус ● Консултативни и едукативни услуги.


Зошто токму ние?

Затоа што нашиот тим го сочинуваат афирмирани и меѓународно признати професори кои имаат огромно знаење, искуство и вештини за користење на современа технологија.

 

Контакт телефон: 070 314 894

 


НАЈГОЛЕМА БАЗА НА ПОДАТОЦИ, ЕДИНСТВЕНА ВО НАШАТА ДРЖАВА

 

Наши корисници:

- Машка и женска кошаркарска репрезентација (У14)
- Машка кошаркарска репрезентација (У
16)
- Машка кошаркарска репрезентација (У
18)
- Машка кошаркарска репрезентација (У
20)
- Машка ракометна репрезентација (У20)
- Женска одбојкарска репрезентација (У16)
- Фудбалери/ученици од Спортската Акедемија во Скопје
- Кошаркари/ученици од Спортската Академија во Скопје
- Ракометари/ученици од Спортската Академија во Скопје
- Тенисери/ученици од Спортската Академија во Скопје
- Талентирана спортисти стипендисти на Агенцијата за млади и спорт вклучени во проектот Млади спортски надежи во спортовите борење, карате, џудо, таеквондо, тенис, бадминтон, стрелаштво, скијање, атлетика, пливање, веслање, велосипедизам и гимнастика.
- Спортисти учесници на спортски кампови
- Ученици од основните и средните училишта
- Рекреативци

 

ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИ