БИОМЕХАНИЧНКА АНАЛИЗА НА СПОРТСКАТА ТЕХНИКА

 

            Биомеханичката анализа во спортот најчесто се применува за да се анализира спортската техника. Оваа анализа може да биде квалитативна или квантитативна.

Зошто се превзема токму биомеханичка анализа? Оваа анализа се превзема бидејќи како тренер, кога се врши проценка на спортската иведба (перфоманс) треба да се биде способен да се направи разлика помеѓу она што е важно и она што не е важно, она што е коректно и она што не е коректно, она што е можно и она што не е можно, она што е ефикасно и она што не е ефикасно, она што е безбедно и она што не е  безбедно.

Тренерите најчесто ја применуваат квалитативната биомеханичка анализа. Тие ја набљудуваат изведбата на спортистот и донесуваат одлука за успешноста на изведбата на спортскиот елемент (спортската техника, динамичкиот стереотип). Кај оваа анализа се користи визуелното набљудување за да се изврши проценка на спортската техника која вклучува информации од типот: флексија – екстензија, високо – ниско, брзо – бавно, голем – мал агол итн.

            Денес постојат два пристапи (модели) кои се применуваат во квалитативната биомеханичка анализа на спортската техника.

            1. Првиот е биомеханичкиот модел кој е фокусиран на биомеханичките принципи и законитости или варијабли користејќи го детерминистичкиот модел. Овој модел уште се нарекува и механички.

            На пример кај елементот “Мае-гери” за да се процени успешноста во изведбата на елементот можат да се земаат во предвид висината на тежиштето на телото, брзината на движење на ударната нога, потпорната површина итн.

            2. Вториот пристап се заснова на фокусирање на критичните (клучни) карактеристики кои се важни за успешна изведба на спортскиот елемент или техника. Овој пристап уште се нарекува и сериски (последователен) бидејќи критичните (клучните) карактеристики често се организирани во временски (темпорални) секвенци (низи). На пример: подготовка, акција и завршеток (продолжен замав).

            Овие два пристапи се базираат на еден комплексен процес кој се состои од четири основни задачи или чекори.

1.      Подготовка

2.      Посматрање (опсервација)

3.      Проценување – дијагностицирање

4.      Интервенирање

 

█ 1. Првата задача (чекор) претставува подготовката. Во оваа фаза тренерот собира информации, знаења за спортскиот елемент (техника). Овие информации можат да се добијат од најразлични извори: телевизија, интернет, книги, списанија, учество на стручни трибини, спортски натпревари итн. Тренерот треба постојано да ги надополнува своите сознанија бидејќи само на тој начин ќе создаде точна и јасна претстава за тоа што преставува успешна изведба на одреден спортски елементи (техника).

 

            █ 2. Втората задача во квалитативната биомеханичка анализа претставува посматрањето (опсервацијата) на спортскиот елемент (техника).

            Визуелното посматрање претставува основен пристап кај квалитативната биомеханичка анализа.

            При набљудувањето потребно е да се има во предвид следното:

            а. Кого се посматра?

Кога се посматра треба да се има во предвид дали се работи за почетник или за некој понапреден спортист. Доколу се посматра почетник тогаш треба да се очекува дека ќе се воочат поголем број на грешки во спортската изведба, отколку ако се посматра понапреден спортист.

            б. Какви се околносите при посматрањето?

При посматрањето треба да се создадат околности кои ќе бидат што е можно послични на оние во кои спортскиот елементи (техника) се изведува а тоа најчесто претставува спортскиот натпревар. 

            в. Каква е поставеноста при посматрањето?

            За посматрањето да биде попрецизно треба да се води сметка за поставеноста на тернерот при посматрањето. Тој треба да биде поставен перпендикуларно (под прав агол) во однос на рамнината во која се врши движењето, доколу движењето примарно се изведува во една рамнина. На пример при мае-гери тренерот се поставува во страна (профил) во однос на правецот на движењето на ногата. Доколу има движење кои се изведува во повеќе рамнини тогаш може да се користат и постапки кои вклучуваат примена на современа технологија, како што се снимање на движењето со камера, сликање на движењето, правење кинограми, контурограми, филм итн.

            г. Што да се бара од набљудувањето?

            Откако ќе се утврди најоптималната техника на спортската изведба потребно е да се утврдат грешките кои се присутни во изведбата на спортскиот елемент (техника). Тоа најлесно се прави доколу постои некој модел на некој спортски елементи (техника) кој претставува репер за врвна техничка изведба. Преку компарирање со изведбата на овој спортисти лесно можат да се воочат грешките во изведбата.

           

█ 3. Третата задача е проценката - дијагностицирањето. Проценката опфаќа утврдување на предностите и недостатоците во изведбата на спорткиот елемент (техника), а дијагностицирањето подразбира утврдување на причините кои доведуваат до лоша изведба.

            Добрите тренери вниманието го насочуваат само на поединечните – важни недостатоци, а не на непотребни и прекубројни ситни грешки бидејќи тоа најчесто завршува со “парализа од анализакоја на крајот не го дава посакуваниот ефект, бидејќи настанува блокирање и неможност спортистот да ги воочи сите грешки.

            Секоја ново појавена грешка кај спортистот трба да се корегира прва. Грешките можат да се рангираат во три категории: 1. од големи до мали во зависност од нивниот ефект врз спортската изведба, 2. од најрано појавени до најдоцнежни во зависност од хронологијата која се јавува при изведбата на елементот. 3. од најлесни до најтешки врз основа на времето и напорот кој е потребен да се вложи за да се корегираат грешките.

 

            4. Четвртиот последен чекор е интервенцијата. За да се корегираат грешките во изведбата мора да се имаат во предвид три работи.

            1. Да се комуницира со спортистите. Тие треба ги воочат грешките во изведбата. Тренерот може вербално да укаже за грешката на спортистот или пак преку прикажување на видео снимка, слика, контурограм, кинограм, филм и други техники за спортистот полесно да може да ја воочи грешката.

            2. Корекција на грешките. За таа цел движењето може да се подели на делови (аналитички). Движењата поделени во делови најпрво се изведуваат забавено, потоа откако грешките ќе изостанат и по извесен период нема да се повторуваат спортистот го изведува целиот елемент (техника). Колку спортистот станува повешт и посигурен во изведбата, толку движењето го изведува со максимална брзина како што е тоа случај во реални услови и околности.

3. Повторна примена на квалитативната биомеханичка анализа. Откако ќе се корегираат грешките и ќе се совлада спортскиот елемент (техника) корисно е уште еднаш да се примени квалитативната биомеханичка анализа. Притоа треба да се помине низ сите 4 чекори од кои е таа составена со цел да се воочи во колкава мерка е совладан спортскиот елемен (техника).

 

 

асс. м-р Александар Ацески